Балканска агенда 47-2017

Историски белешки за Балканските Турци

Балканска агенда 47-2017

Присуството на Турците на Балканот е старо колку и присуството на Словените. Спомениците и остатоците кои што датираат од старите времиња, укажуваат на присуството на различни турски племиња кои на Балканот дошле пред Османлиите. Имено на Балканот можат да се сретнат различни траги на Аварите, Печенезите, Огузите, Куманите и други различни турски племиња. Османлиската држава ги разви најдолгите и најтрајни односи на Турците на Балканот, а исто така формираше и најефикасни резултати на Балканот.

Со освојувањето на тврдината Цимпе во околината на Гелиболу (Галиполе) во 1352 година, Османлиите го фрлија првиот чекор на Балканот кој беше проследен со 350 годишното ширење кон Централна Европа. Сите оние кои што во втората половина на 14-от век замислуваа дека Османлиите ќе можат да се запрат само пред бедемите на Виена, во тој период како да ги немаше. Поразот во Втората опсада на Виена беше почеток на слабеењето на Османлиската моќ. Повлекувањето на Османлиите од Централна Европа и Балканот траеше скоро 210 години и заврши со Балканските војни во 1912 и 1913 година.

Процесот на повлекувањето на Османлиите од Балканот резултираше со систематско злосторство врз муслиманската популација која се насели на овие простори и кои ги прифати за свои. Пред се, со повлекувањето на османлиската армија од териториите над кои беше изгубена османлиската хегемонија, муслиманската популација беше принудена да мигрира. Впрочем христијанските сили, присилно ги тераа да мигрираат муслиманите кои што не сакаа да се иселат, ги убиваа или пак ги католизираа.

Грчкиот бунт во 1821 година се прифаќа како еден од првите примери за систематско етничко чистење и протерување на Турците и муслиманите од Балканот. Масакрот во Триполи кој беше извршен во рамките на овој бунт е една од најголемите драми во турската историја. Сето она што го направија грчките бунтовници во Триполи беше пример за останатите балкански народи кои се кренаа на бунт против Османлиите. Конечно, Турците на Балканот беа изложени на слични масакри и прогонства, поради што во голема мера беа протерани.

Според податоците на Џастин Макарти, во периодот пред Балканските војни во 1912-1913 година, освен Албанија, на Османлиските територии кои беа одземени од Европа живееја околу 2.315.293 муслимани. Оваа бројка по балканските војни се намали за 62 насто и на 1.445.179 лица. Во текот на овој процес загинаа 632.408 муслимани. 812.771 лица се иселија во Анадолија. Историчарот Стефанос Јерасимос пишува дека назадувањето на Османлиите и формирањето на новите национални држави, се оценува како враќање на изгубените територии и дека целта на овие држави до крајот на Првата Светска војна беше да се истераат Турците од Европа.

По периодот на Османлиите, во периодот на кралствата и социјализмот што беа доживеани на Балканот, кон Турците се гаеше сомнителен став и секогаш се однесуваа како кон странци.

Меѓудругото, во различни временски периоди и во различни земји во различни дози продолжија насилствата и злосторствата врз Турците и муслиманите кои останаа да живеат на овие територии. Примерите со Турците во Бугарија и Западна Тракија се само некои од конкретните примери за асимилационите политики на кои беа изложени Турците. Масакрите и геноцидот врз Бошњаците во војната во Босна и Херцеговина во периодот од 1992 до 1995 година претставува еден друг пример за трагичните периоди на кои беа изложени муслиманите кон крајот на 20-от век на Балканот.

Наведените политики кои беа спроведени врз Турците и другите роднински заедници предизвикаа коренито менување на етничката и верска карта на Балканот. Денес според официјални податоци, на Балканот живеат вкупно околу 8 милиони муслимани, која бројка изнесува околу 12 насто од вкупната популација на Балканот. Според едно сеопфатно истражување на познатиот турски историчар Кемал Карпат во врска со османлиската популација во втората половина на 19-от век, бројот на муслиманите на Балканот изнесуваше 43 насто од севкупното население. Самата разлика посочува на потребата за спроведување детално истражување на причините и процесот за намалувањето на турската и муслиманската популација на Балканот за толку кратко време.

Денес, во Балканските земји дојде до големи промени во врска со состојбата на турското малцинство. Додека дел од Балканските земји станаа земји членки на НАТО и ЕУ, останатите напредуваат да станат членки на наведените организации. Што е најзначајно во целиот овој процес, денес во сите регионални земји на власт се наоѓаат влади кои се избрани по демократски пат. На тој начин, Балканот влезе во процес во кој во голема мера преовладуваат законите, се шири сфаќањето за демократијата и стекнување со поголеми демократски права и се гарантираат основните човекови права. Со остварувањето на наведените активности, Балканот ќе се трансформира во стабилен регион. Скоро во сите Балкански земји дојде до значајни подобрувања од аспект на законските и политички права на малцинствата. Наведените подобрувања секако дека позитивно се одразија и врз секојдневниот живот на Турците на Балканот и покрај тоа што во одредени земји продолжуваат проблемите и тешкотиите околу одредени имплементации. Затоа тешкотиите на Турците на Балканот повремено се актуелизираат и го заземаат своето место на агендата.

Автор е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести