Ципрас го поддржува решението за бизонална држава во врска со Палестинското прашање

Очигледно е дека ЕУ треба да ја поддржи иницијативата за што поскоро започнување на преговорите за Палестинското прашање

Ципрас го поддржува решението за бизонална држава во врска со Палестинското прашање

Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека го поддржуваат предлог решението за бизонална држава во врска со Палестинското прашање.

Очигледно е дека ЕУ ја подржуваат иницијативата за што поскоро започнување на преговорите за Палестинското прашање.

Ципрас во говорот на 2-от Евро-арапски самит во Атина кој беше одржан со цел да се привлечат инвестициите од арапските земји рече дека ЕУ треба да извлече поуки од Блискоисточните проблеми од минатото и дека треба да има решителен приод.

Меѓународната улога на ЕУ може да зајакне единствено како резултат на соработката со арапскиот свет особено во изнаоѓањето и постигнувањето мир и просперитет во Сирија, Ирак, Либија и Јемен.

Ципрас подвлече дека изнаоѓањето сеопфатно решение на низа прашања и проблеми со кои се соочува Европа зависи од Медитеранската политика и развојот на односите со Арапскиот свет.

Во врска со палестинското прашање Ципрас рече дека Грција го поддржува предлогот за постигнување решение кое ќе се базира на формирање независна држава Палестина согласно договорот од 1967 година со главен град Источен Ерусалим.

Очигледно е дека ЕУ треба да ја поддржи иницијативата за што поскоро започнување на преговорите за Палестинското прашање. Целта е да се обезбеди безбедна егзистенција на двете земји која ќе се заснова на праведно решение, рече Ципрас.



Слични вести