Турците во Бугарија да добијат статус на малцинство

„Доколку барањето биде прифатено ќе бидат решени голем број проблеми на Турците во Бугарија“ истакна Зуфретин Хаџиоглу претседател на Конфедерацијата на Турците од Румелија и Балканот

Турците во Бугарија да добијат статус на малцинство

Зуфретин Хаџиоглу претседател на Конфедерацијата на Турците од Румелија и Балканот истакна дека со задоволство ја примиле веста за барањето за доделување на статус на малцинство на Турците во Бугарија и рече „ Доколку барањето биде прифатено ќе бидат решени голем број проблеми на Турците во Бугарија“.

Хаџиоглу му се заблагодари на претседателот на ДОСТ партијата инаку партија на турците во Бугарија, Лутфи Местан,кој прв досега во Бугарија сосема отворено го истакна барањето за доделување на статус на малцинство на Турците во Бугарија.

Подвлекувајќи дека Турците бројчано го претставуваат најголемото етничко малцинство во Бугарија, Хаџиоглу додаде :

Доколку барањето биде прифатено ќе бидат решени голем број проблеми на Турците во Бугарија. Во првата етапа со законска рамка ќе биде заокружено  прашањето за образованието на Турците во Бугарија, исто како и прашањето посветено на враќање на вакафските имоти. Отворено кажано ќе бидат решени голем број проблеми со кои што се соочуваат Турците во Бугарија.“

 



Слични вести