Нападната зградата на ПАСОК во Атина

Во нападот немало загинати или повредени,а напаѓачите после нападот веднаш избегале од местото на настанот.

Нападната зградата на ПАСОК во Атина

Непознати лица извршиле напад на зградата на ПАСОК -Партија на Панеленско социјалистичко движење, во Атина.

Во нападот немало загинати или повредени,а напаѓачите после нападот веднаш избегале од местото на настанот.

Веднаш по нападот до местото на настанот пристигнале полициски екипи кои ја презеле контролата околу зградата на ПАСОК.

Екипите за антитероризам веднаш покренаа истрага за обелоденување на нападот и за сторителите на истиот.

Претседателот на ПАСОК после нападот рече дека партијата и порано била цели на разни напади и побара од властите да преземат поефикасни мерки за заштита на зградата во која што се наоѓа седиштето на партијата.

 

 



Слични вести