Балканска агенда 44-2017

Да се тргува во Турција и на Балканот

Балканска агенда 44-2017

Анкетното испитување „Балкански барометар 2017“ кое беше подготвено од страна на Советот за регионална соработка (РСС) освен мислењето на јавното мнение, опфати и испитување на деловниот свет на балканските земји и Турција. Резултатите од испитувањето кое беше извршено со 1600 различни фирми и компании во различни сфери покажаа дека очекувањата на деловниот свет на Балканот не се баш најдобри и оптимистички од аспект на иднината.

Испитувањата со по над 200 фирми и компании од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово, Македонија, Србија и Турција, покажаа значајни резултати во врска со деловниот свет на Балканот. Пред се, над 30 насто од балканските бизнисмени кои беа подложени на анкетата, веруваат дека се влоши економската состојба во 2016 година во нивните земји. Само 25 насто од анкетираните бизнисмени во 2017 година очекуваат општо подобрување на економската состојба. Процентот на анкетираните турски бизнисмени кои веруваат дека во 2016 година беше влошена економската состојба изнесува 27 насто, додека бројот на оние кои веруваат дека ќе се подобри економската состојба во 2017 година изнесува 43 насто.

Според резултатите од анкетата, кај 42 насто од фирмите на Балканот во 2016 година не беа забележани никакви промени, кај 40 насто од фирмите беше забележано одредено подобрување, додека кај 17 насто беа влошени. Особено беше тешка работата на малите фирми. 39 насто од анкетираните фирми истакнаа дека работите се подобрија, 35 насто дека останаа исти, додека 23 насто дека им се влошија работите.

55 насто од балканските, 45 насто од турските фирми и компании во иднина очекуваат зголемување на побарувачката за нивите производи или услуги. Овие бројки покажуваат дека очекувањата на фирмите се поповолни од општата економска состојба на земјата.

53 насто од балканските фирми во 2016 година не ја променија стапката на вработеност, 30 насто ја намалија, 34 насто од фирмите ја зголемија стапката на вработеност. Од вработените 65 насто беа мажи, 35 насто жени. Стапката на вработени мажи во турските фирми изнесува 77, а жени 23 насто. 9 насто од управителите на фирмите во балканските земји истакнаа дека би можеле да го намалат бројот на вработените, додека оваа бројка во Турција изнесува 16 насто.

Резултатите од анкетата покажуваат дека фирмите во наведените земји немаат некои поголеми искуства од аспект на вработување на странски лица. 40 насто од анкетираните бизнисмени на Балканот, 29 насто од Турција истакнаа дека би можеле да размислат за вработување на странски лица.

Како балканските така и турските фирми истакнаа дека при изборот на персоналот преферираат лични препораки. 29 насто од балканските фирми при изборот на вработените не преферираат да објавуваат огласи преку печатените медиуми и електронски пат, додека оваа бројка во Турција изнесува 24 насто. Ваквата состојба покажува дека на пазарот на трудот постојат структурални проблеми. 82 насто од бизнисмените во Турција, вработените во конкурентските фирми се обидуваат да ги вработат во своите фирми и на тој начин да се стекнат со стручно оспособени лица и квалификуван персонал. Бројот на балканските фирми кои по овојпат се обидуваат да се стекнат со квалификуван персонал изнесува 17 насто.

Според резултатите на анкетниот извештај „Балкански барометар“, 17 насто од Балканските фирми во 2016 година, 13 насто од турските започнале соработка со универзитетите и инвестираа во истражувањата и развојот. Над половина од анкетираните балкански фирми веруваат дека во 2016 година успеале да развијат и усовршат одредени иновации во производството на производите и услужните дејности или пак услугите при испораката на производите. Новите технологии претежно се обезбедуваат со нови машини и опрема. Наместо технолошки истражувања, турските и балканските фирми преферираат да инвестираат во обучувањето за работа. Расходите за човечкиот капитал се поврзани за општата состојба на економијата на земјата.

91 насто од балканските бизнисмени посочија на различните регулативи кои претставуваат пречка за бавење со бизнис. Според 48 насто од анкетираните бизнисмени, најголема пречка во остварувањето на бизнис активностите на фирмите и нивниот развој се високите даночни стапки. 26 насто од анкетираните бизнисмени сметаат дека постоечките регулативи и прописи се најголема пречка за зголемување на стапката на вработеност. 38 насто од анкетираните бизнисмени во Турција истакнуваат дека најголема пречка за развојот на нивните фирми се даночните регулативи. Според 30 насто од турските бизнисмени, регулативите во врска со минималната плата исто така претставуваат пречка за развојот на фирмите.

Балканските фирми преферираат наместо подигање кредити од баките, работата и трговијата да ја продолжат согласно профитите со кои се стекнале. 58 насто од балканските фирми во 2016 година, капиталот и фиксните инвестиции на фирмата ги намирија од акумулираните добивки. 12 насто од фирмите подигнаа кредити од националните трговски банки, 5 насто од странските банки. За разлика од балканските фирми, само 16 насто од турските фирми во 2016 година оперативниот капитал и фиксните инвестиции ги финансираа од акумулираните добивки.

Резултатите од Балканскиот барометар покажуваат дека гледано од аспект на извозот на стока и услуги, балканските земји се релативно затворени, додека од аспект на увозот се многу поотворени. Впрочем, според резултатите од испитувањето, 85 насто од стоката и услугите на фирмите се продаваат во земјата, додека само 8 насто во земјите членки на ЕУ. Само 5 насто од продажбата се врши меѓу самите седум балкански земји кои беа предмет на испитувањето. Над 70 насто од потребите за производство на машини, материјали и слично се набавуваат од самата земја. 50 насто од турските извознички фирми воопшто не соработувале со ниту една балканска земја. Според турските бизнисмени, каснењата на царинските премини, преголемата бирократска процедура како и бавноста на процедурите во врска со трговијата, се само некои од поголемите пречки за соработка со балканските земји.

57 насто од балканските бизнисмени, 8 насто од турските бизнисмени имаат срдечен пристап кон процесот на пристапувањето во ЕУ. Само 7 насто од анкетираните бизнисмени веруваат дека пристапувањето во ЕУ може неповолно да се одрази врз нивните работи. Останатите мислат дека влијанието на процесот на пристапувањето во ЕУ ќе се одрази и поволно и неповолно. Фирмите кои претежно се бават со извоз имаат посрдечен пристап кон процесот на пристапувањето во ЕУ.

Навидум кај фирмите испитаници владее одредена чувствителност во однос на заштитата на животната средина. Реално не постојат никакви докази дека наведените фирми презеле некои мерки и санкции за заштита на животната средина.

На крајот да кажеме дека претставниците и бизнисмените на балканските фирми се жалат дека властите при подготвувањето на законите за трговија, не се советуваат со нив. За разлика од балканските земји, 61 насто од турските фирми истакнаа дека властите активно и одблиску се интересираат со нивните проблеми и дека се обидуваат да ги надминат истите.

Автор е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести