Улични кучиња изедоа професорка во Грција

Телото на жената беше распарчено

Улични кучиња изедоа професорка во Грција

Уличните кучиња изедоа една пензионирана професорка на Оксфорд во Грција.

Според веста која беше објавена од страна на британскиот весник „Тајмс“, од четврток наваму нема глас 63 годишнатата професорка чие име грчките власти кои сеуште не го објавија.

Жената која беше изложена на нападот за време на посетата на едно археолошко откритие за нападот го извести семејството.

По известувањето на семејството на професорката, грчките власти започнаа пребарување на планинското подрачје. Дури во недела беа откриени останатите делови од професорката.

Висок полициски претставник рече: Сликата со која се соочивме беше многу трагична. Телото на жената беше распарчено. Дури и нашите искусни форензичари беа фрапирани од ситуацијата.

Покрај останатите делови на телото на британската професорка беа откриени и пасошот и личните предмети.

Според претпоставките во Грција има околу еден милион улични кучиња.



Слични вести