Поставен камен темелник на џамијата во Топанско поле во Скопје

Bо населба Топанско Поле во Скопје се одржа церемонија на поставување камен-темелник на Топанската централна џамија која ќе ја гради Фондацијата на управата за верски работи во Турција

Поставен камен темелник на џамијата во Топанско поле во Скопје

Bо населба Топанско Поле во Скопје се одржа церемонија на поставување камен-темелник на Топанската централна џамија која ќе ја гради Фондацијата на управата за верски работи во Турција .

Проектот за градење на џамија ќе се рализира во соработка на ТДВ, Исламската верска заедница (ИВЗ) на Македонија, и Општина Чаир. На оваа церемонија учествуваа Хусеин Бурге, пратеник во Парламентот на Турција, поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија (ИВЗ), Сулејман Реџепи, заемник-претседателот на Управата за верски прашања на Турција, д-р Јуксел Салман, градоначалниот на општина Чаир, Изет Меџити, заменик-амбасадорот на Турција во Скопје, Мурат Сумер, претставниците на локалните и турските здруженија во земјата, како и претставници на ИВЗ.

Церемонијата започна со читање на делови од Куранот. Салман во неговиот говор потсети дека џамиите играле централна улога во муслиманските заедници за духовно прочистување на општестовото, како и за обединување на срцата.

Истакнувајќи дека џамиите биле места на мирот, братството, хуманоста и солидарноста од времето кога живеел Божиот пратеник Мухамед, Салман нагласи дека во текот на историјата болните се лекувале во болниците, како и дека ги користеле центрите за образование кои се наоѓале околу џамиите.

Салман рече дека џамиите покрај тоа што се место за молтиви, тие се и центри во кои се учи за правда, за доброто, за милоста, за љубовта, за почитта. Тој додаде дека езанот е симбол на слободата и независноста.

„Веруваме дека овој верски храм на кого поставивме камен темелник, ќе ги зближи народите од двете земји кои имаат иста вера, и ги чувствуваат истите чувства. Исто така ќе биде еден значаен чекор во зајакнувањето, и унапредувањето на братските и пријателските врски меѓу Турција и Македонија“, рече Салман.

Од друга страна, поглавараот на ИВЗ, Реџепи, истакна дека денес треба да бидеме среќни и горди, ден кога се поставува камен темелник на џамијата. Реџепи овие места ги опиша како места каде се заштитува верата, се заштитува верскиот и националниот идентитет.

Реџепи порача дека посакува да продолжи соработката меѓу двете земји.

„Мислам дека денес поставуваме камен темелник во една џамија која ќе бида меѓу најзначајните во Република Македонија“, рече Меџити, градоначалник на Општина Чаир.

Меџити упати благодарност ИВЗ и ТДВ за градење на оваа џамија, а потоа беше поставен камен темелник.

Џамијата ќе биде во форма на комплекс, во чии рамки ќе има затворен паркинг простор, курсеви за читање Куран, сали за конференции, кујна, летниковец, како и административна зграда.



Слични вести