Балканска агенда 37-2017

Нивото на благосостојбата и трендовите на миграции на Балканот

Балканска агенда 37-2017

Според податоците на Светската банка, во 2016 година во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Македонија, Романија, Србија и Грција, вкупната популација на десет балкански земји изнесуваше околу 59,7 милиони лица. Вкупната површина на регионот изнесува 745 562 км квадратни. Според овие податоци, вкупната популација на Балканот во 2016 година изнесува 75 насто од вкупната популација на Турција, додека површината на регионот 95 насто од севкупната површина на Турција. Од друга страна пак, според претпоставките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), бруто националниот доход (БНД) на 10 балкански земји во 2016 година пресметан врз основа на паритетот на куповната моќ во споредба со БНД на Турција изнесуваше 61 насто. Сите овие податоци укажуваат на сериозната ниска стапка на благосостојба во балканските земји.

За да можеме подобро да го разбереме нивото на благосостојбата на Балканските земји, ќе биде од корист да направиме споредба на вкупниот бруто национален доход по глава на жител кој се пресметува врз основа на паритетот на куповната моќ на балканските земји со просекот на 28 земји членки на ЕУ. Според податоците на ЕУРОСТАТ, бруто националниот доход по глава на жител на 9 балкански земји освен Грција изнесува 43 насто од просекот на 28 земји членки на ЕУ. Несомнено дека ако направиме споредба на показателите за приходи на балканските земји со просекот на приходи на првите 15 земји членки на ЕУ, тогаш многу подобро ќе може да се увиди очигледната разлика како и ниската стапка на приходи на балканските земји.

Интересно е тоа што бруто националниот доход по глава на жител на Грција, која земја од 2009 година наваму е изложена и се соочува со сериозна економска криза и покрај сите интервенции не се симна од дневниот ре, а кој се пресметува врз основа на паритетот на куповна моќ во споредба со просекот на 28 земји членки на ЕУ изнесува 67 насто. По Грција, Романија и Хрватска се две регионални земји кои имаат највисок бруто нацинален доход по глава на жител.

Балканските земји немаат немаат хомогена структура од аспект на бруто националниот доход по глава на жител. Ако направиме споредба на податоците за бруто националниот доход по глава на жител кои се пресметуваат согласно принципите на ММФ, тогаш можеме да видиме дека бруто националниот доход по глава на жител на Романија во 2016 година кој достигна 441,6 милијарди долари изнесува 58 насто од просечниот бруто национален доход на останатите балкански земји. Доколку при пресметувањето на вкупниот бруто национален доход по глава на жител на регионот ја вбориме и Романија, тогаш од вкупниот бруто национален доход по глава на жител на балканските земји, уделот на Романија изнесува 37 насто, на Грција 24 насто, на Бугарија 12 насто, на Србија 8 насто, на Хрватска 8 насто. На Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија, Косово и Црна Гора меѓусебно им припаѓа останатиот дел од 11 насто на бруто националниот доход по глава на жител.

Во меѓувреме да истакнеме дека според податоците за 2016 за Грција економската криза и натаму продолжува. Додека економската стагнација во Грција и натаму продолжува, балканските земји постигнаа раст од 3,1 насто.

Заедно со ниската стапка на благосостојба, во повеќето невработеноста во балкански земји е еден друг сериозен проблем. Во некои балкански земји се забележуваат највисоки стапки на невработеност. На пример во 2016 година, официјалната стапка на невработеност во Косово изнесува 27,5 насто, во Македонија 26,7 насто, во Босна и Херцеговина 25,8 насто, во Грција 23,9 насто, во Србија 17,5 насто, во Абанија 16,3 насто, во Хрватска 13,5 насто. Во 2016 година единствено во Бугарија и Романија стапката на невароботеност изнесуваше едноцифрена бројка.

Високата стапка на невработеност се доразува на постојаниот и континуиран тренд на миграции во регионот. Според податоците на Еростат, во 2015 година 67 950 лица, во 2016 година 32 335 лица поднеле барање за азил во земјите членки на ЕУ. Не само надворешните туку и внатрешните миграции привлекуваат големо интересирање. Според податоците на Светската банка, во 2016 година во главните градови на земјите членки на ЕУ само 18 насто живеат во градовите. Додека во главните градови на балканските земји имаме можност да видиме дека поголемиот број од населението живее во нив. Само за пример да посочиме дека 55 насто од севкупната популација на Црна Гора живее во Подгорица. Ако погледнеме на останатите градови на регионалните земји, тогаш можеме да видиме дека 42 насто од населението на Македонија живее во Скопје, 36 насто во Атина, 30 насто во Белград, 28 насто во Загреб, 28 насто во Тирана, 23 насто во Софија, 22 насто во Сараево, 17 насто во Букурешт. Наведените податоци покажуваат дека можностите за вработување претежно се сконентрирани во главните отколку во другите градови.

Кога говориме за трендот на миграции во балканските земји да кажеме дека освен во војната во 1990-те години, исто така и како последица на миграциите од Источна и Северна Африка,самиот регион беше изложен на миграции. Според податоците на Високиот секретаријат на ОН за бегалци, гледано од аспект на крајот на 2016 година, во 10 балкански земји се доселиле вкупно 110 992 бегалци, 56 687 азиланти, бројот на внатрешно раселените лица изнесува 317 957, додека лицата без државјанство изнесува 14 567.

Прашањето за миграциите е тема која по се изгледа ќе продолжи да биде актуелна на дневниот ред на Балканот.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести