Свечено одбележан 8 септември Денот на независноста на Македонија

Голема е и надежта Македонија да стане 30 земја членка на НАТ

Свечено одбележан 8 септември Денот на независноста на Македонија

На централната манифестација под мотото „Слободна Македонија, слободно живее“ што се одржа пред зградата на Владата, покрај високите државни претставници и бирократи, учествуваа и граѓаните.

Премиерот Зоран Заев во говорот што го одржа на свечената манифестација рече дека Македонија е демократска држава, дека продолжува да се развива од демократски аспект и напредува според европските вредности и придобивки.

Заев ги повика граѓаните да ја подржат владата во спроведувањето на активностите за финансиска стабилност, безбедноста и обновата на земјата како и преземање заеднички дејствија со меѓусебна почит, разбирање и единство.

Вложуваме големи напори за остварување на реформите кој процес ги отвори евроатланските перспективи воспоставуваме активна соработка со соседните земји, рече Заев.

Македонија е „мотор на развој“ на регионот. Навистина постојат извонредни можности Македонија да се стекне со отворена препорака на ЕУ а веднаш потоа и со датум за започнување на преговорите. Исто така голема е и надежта Македонија да стане 30 земја членка на НАТО, рече Заев.

По повод Денот на независноста и свеченото одбележување на празникот беа одржани и концерти.

На референдумот на 8 септември 1991 година, 95 насто од граѓаните на Македонија гласаа „да“ и на крајот на референдумот со отцепување од поранешна Југославија беше прогласена независноста на Македонија. Турција беше меѓу првите земји која независноста на Македонија ја призна под нејзиното уставно име Република Македонија.



Слични вести