Балканска агенда 36-2017

Општата состојба на транспортната инфраструктура на балканските земји

Балканска агенда 36-2017

Поголемиот дел од инвестициите во транспортот во балканските земји беа остварени во периодот од 1970 до 1980-те години, но за жал во значајна мера беа занемарени активностите за одржување и поправка на патиштата. Освен тоа, под влијание на војните во регионот, економската дестабилизација и политичките превирања, транспортната инфраструктура на балканските земји освен тоа што беше доста оштетена исто така не покажа некој поголем развој. Затоа, развојот на транспортната инфраструктура претставува една од основните пречки на патот за развој на регионалните земји.

Според едно истражување на Светската банка, установите и политиките инволвирани во транспортниот сектор на Балканските земји се доста слаби. Според еден извештај на Европската комисија, без нови законски промени и оформување на институционалната рамка на транспортниот сектор, само подобрувањето на транспортната инфраструктура не може да обезбеди одржлива мобилност на Балканот. Западнобалканските земји коишто во последните две години во рамките на Берлинскиот процес одржуваат средби, освен унапредувањето и развојот на физичката инфраструктура, разменуваат мислења и за адаптирање на политиките во транспортниот сектор.

Меѓу прашањата и проблемите во транспортниот сектор на Балканските земји се вбројуваат недоволните прекугранични линии, неурамнотежената употреба на транспортните видови како и распарченоста на транспортната мрежа. Како последица на национализмот, противречните економски интереси и неследењето добрососедски односи во последните неколку години предизвикаа транспортните врски меѓу Балканските земји да не се на задоволително ниво. Затоа денес се чувствува голем потреба од подобрување на транспортните врски меѓу Балканските и западниот и северен дел на Европа.

Стратешко географската позиција на Балканот во нормални услови требаше да претставува значајна транзитна зона во интермодалниот транспорт. Меѓудругото мултимодаланите Паневропски транспортни коридори кои поминуваат низ регионот овозможуваат можност за развој на интермодалниот транспорт. Но покрај тоа интермодалниот транспорт на Балканот не е доволно развиен. Впрочем стоката што се пренесува преку Западнобаканските земји ја сочинува основата на само еден насто од интермодалниот транспорт.

Граничните премини на балканските земји исто така продолжуваат да претставуваат тесни грла во транспортот. Долгите редици на граничните премини освен тоа што ги зголемуваат трошоците на транспортот од друга страна предизвикуваат неизвесност во транспортните услуги. Долгите редици на граничните премини освен недоволната постоечка исто така се и последица на процедурите кои што се спроведуваат. Покрај тоа што во последните неколку години тесните грла на граничните премини делумно олеснаа, имплементациите кои продолжуват и натаму претставуваат пречка за регионалната економска интеграција и развојот на интермодалниот транспорт. Потребата за попродуктивен транспортен систем не се налага само од аспект на економската и политичката стабилност на Балканските земји, туку исто така и од аспект на меѓународниот транспортен систем. Формирањето на новите независи држави на Балканот особено во периодот по 1990-те години и отворањето нови гранични премини, неповолно се одрази врз меѓународниот транзитен транспорт кој поминуваше низ регионот.

Случувањата во врска со транспортната инфраструктура во балканските земји имаат големо значење и за Турција која над 50 насто од извозот го остварува во европските земји. Балканот пак претставува значајна транзитна рута на трговијата на Турција со Западна Европа. Турските камиони годишно остваруваат околу 200 илјади испораки на стока во Западна Европа поминувајќ низ балканските земји.

ЕУ е главниот актер за повторната обнова на транспортната инфраструктура на балканските земји. Брисел вложува напори за надминување на значителните разлики меѓу западна и источна Евопа во сферата на транспортот. Додкеа од една страна во новите земји членки ги шири транспортните стандарди, од друга страна пак се обидува да ги вовлече потенцијалните балкански земји во транспортниот систем на ЕУ. Недостатокот на финансиските средства го спречува интензитетот на овој процес.

Турција покрај тоа што ја презеде одговорноста за поддршка на иградбата на автопатот Сараево – Белград чија цена изнесува околу 800 милиони евра, како последица на недоразбирањето меѓу Босна и Херцеговина и Србија околу маршрутата на автопатот, сеуште не се фрлени конкретни чекори за остварување на проектот.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести