Балканска агенда 34-2017

Западен Балкан очекува поголеми инвестиции од Турција

Балканска агенда 34-2017

Економијата е релативно нов фактор со кој се оправдува присуството на Турција на Балканот. Со завршувањето на Студената војна и процесот на транзиција на Балканските земји кон пазарна економија, Турција почна да ги развива трговските и економски односи со земјите во регионот. Но покрај тоа што економските односи секоја година се повеќе напредуваат, за жал сеуште не се наоѓаат на бараното ниво. Меѓудругото војните кои беа доживеани на териториите на поранешна Југославија предизвикаа турските бизнисмени да се насочат кон Романија и Бугарија отколку кон завојуваните балкански земји. Напорите за развој и приватизација на западнобалканските земји продолжуваат да пружаат извонредни економски можности за турските бизнисмени.

Денес Турција има постигнато договори за трговска и економска соработка со сите Балкански земји. Исто така постојат договори за одбегнување на двојното оданочување, договори за слободна трговија и поттикнување и заштита на меѓусебните инвестиции.

Според податоците на Турскиот завод за статистика (ТУИК) уделот на 10 балкански земји во вкупниот извоз на Турција во 2016 година изнесува 5,2 насто, додека од аспект на увозот 4,5 насто. Романија, Бугарија и Грција имаат најголем удел меѓу Балканските земји во трговијата со Турција. Трговскиот обем на Турција со западнобалканските земји и натаму е на многу ниско ниво.

Според податоците на министерството за економија кумулативната вредност на директните турски инвестиции во 10 балкански земји вклучувајќи ги и инвестициите во третите земји во 2016 година, изнесува околу 5 милијарди долари. Гледано од аспект на инвестициите на турските компании во балканските земји, досега најмногу инвестираа во Романија. Вкупниот износ на турскиот капитал во Романија според податоците за 2016 изнесува 1,2 милијарди долари. Освен Романија, Албанија со 982 милиони долари, Бугарија со 864 милиони долари се останатите земји кои што релативно успеаја да привлечат поголем удел од турскиот капитал.

Денес турските компании во балканските земји произведуваат хартија, картони, бисквити, бела техника, широк спектар на производи, а исто така пружаат услужни дејности во сферата на комуникациите, банкарството, радиодифузијата. Турција е доста успешна и во сферата на градежништвото и претприемништвото. Турските компании во регионот презедоа реализација на голем број проекти во сферата на изградбата на автопати, патишта и станбени објекти. Податоците на министерството за економија покажуваат дека вкупната вредност на потеклото на турските претприемачи  во 10 балкански земји до крајот на 2015 година се проценува на 12 милијарди долари. Од вкупната вредност на градежните услуги на турските бизнисмени во балканските земји 57 насто беа реализирани во проектите во Романија, а 13 насто во проектите во Бугарија.

Кога ќе се погледне од аспект на земјите на Западен Балкан Турција е многу значаен економски партнер. Земјите од Западен Балкан имаат за цел да ја оживеат својата економија благодарение на инвестициите кои доаѓаат од Турција. Економијата е тема околу која Анкара и престолнините на Западен Балкан најдобро се разбираат. Но и покрај фактот дека турските бизнисмени во последно време покажаа големо интересирање кон земјите од Западен Балкан, сепак во доволна мера не ги зголемија своите инвестиции. Поради директните странски инвестиции на Турција на Балканот и натаму остануваат на симболично ниво. Само Албанија и Косово релативно успеаја да привлечат поголем удел од турските инвестиции и капитал во последните години.

Кога е во прашање Западен Балкан, покрај тоа што бројките во врска со инвестициите не се на сакано ниво, треба да знаат дека Турција, на различни начини успеа да го покаже своето присуство во економијата. На пример, кумулативната вредност на директните странски инвестиции на Турција во Босна и Херцеговина се проценуваат на 256,3 милиони долари, додека вредноста на проектите на турските претприемачи се проценува на 563,6 милиони долари. Според Босна, овие бројки не се доволни инвестиции од страна на пријателска Турција поради што очекуваат многу повеќе инвестиции. Ако направиме подлабока анализа на ситуацијата, тогаш доаѓа до еден поинаков заклучок. Имено според податоците на Амбасадата на РТ во Сараево, Турција по 1995 година со посредство на различни установи во Босна досега вложи вкупно околу 1,1 милијарда евра. Но за жал народот на БиХ сеуште не е свесен за овој факт и вредноста на вложените средства, бидејќи анализата ја ограничува само со бројот на отворени фабрики.

Затоа слободно можеме да кажеме дека економските односи на Турција со балканските земји не се доволно развиени како политичките и културните. Договорите за слободна трговија која Турција ги поседува со земјите од регионот, процесот на приватизација кој се води во регионот, поттикнувањето на инвестициите, можноста за трговија со трети земји како и олеснувањата кога се во прашање пристапот до квалификувана работна сила, се само некои од факторите кои ќе ги отвори вратите за турските бизнисмени на Балканот.

Автор на програмата е д-р Ерхан Туребдар.



Слични вести