Балкански актуелности 32/2017

Проблемите на Балканот се уште продолжуваат

Балкански актуелности 32/2017

Со крајот на Студената војна балканските држави кои се раководеа според централно планирање на економијата, политиката ,безбедноста, културата и другите области влегоа во период на транзиција. Тоа практично значеше дека за разлика од човекот кој што во западните држави само еднаш во текот на својот живот стануваше сведок на одредена промена, човекот во балканските држави тоа искуство го доживуваше неколку пати во текот на својот животен век. Со спроведените реформи од почетокот на 1990 години досега на балканските простори многу работи се променија, но сепак одредени проблеми и понатаму продолжуваат.

По Студената војна на Балканот настапи период на транзиција од дотогашниот комунистички на новиот капиталистички систем, што се одвиваше болно и долг временски период. Особено после периодот на распаѓањето на Тито’ва Југославија ,уследија етнички судири и војни кои во голема мера предизвикаа големи штети на економијата. Поголемиот дел од економските извори беа пренасочени кон финансирање на воените дејствија. Тој процес негативно се одрази на сите простори на поранешна Југославија. Албанија, Бугарија и Романија како да беа подалеку од овие случувања, но и таму не се избегна појавата на полиитичка нестабилност и заостанување во економијата. Во овие земји заостана процесот на  реформи во стопанството што директно се одрази и на нивото на просперитетот на народите кај нив. И покрај големиот број проблеми и потешкотии со кои што се соочуваа балканските држави во изминатите 27 години од крајот на Студената војна, може слободно да се истакна дека балканските држави остварија големи промени. Во сите балкански држави се постигна голем напредок во сферите како што се демократија, човекови права, пазарна економија и воспоставување на стабилни подрачја и региони. Со поддршка на меѓународната заедница се постигна голем напредок во воспоставувањето на демократијата и во меѓусебната регионална соработка на скоро сите нивоа. Освен тоа се постигна голем напредок и во делот кој што се однесува на интеграцијата на балканските држави во евроатлантските структури. До пред 27 години просто беше невозможно да граѓаните на една Бугарија или на Романија кои беа најзатворените држави на Балканот дури и да сонуваат дека еден ден нивната земја ќе стане членка на НАТО или на ЕУ. Но денес тоа е веќе стварност. Неодамна и Хрватска и Албанија станаа членки на НАТО и на ЕУ тоа Хрватска како 28 членка на ЕУ. Преостанатите балкански држави особено Црна Гора продолжува со големите реформи за зачленување во Европската унија. Од друга страна и НАТО станува се повеќе присутен во земјите од Западен Балкан. Постои убедување дека со проширувањето на НАТО на просторот на Западен Балкан на овие простори се повеќе ќе биде присутна и европската демократија и европската стабилност. Токму заради сиве овие причини постои уверување дека скоро да е неможно на балканските простори повторно да се доживеат воени разурнувања.

Како што е познато во почетокот на 90’тите години од минатиот век етничките судири беа фитилот кој што го запали бурето барут на Балканот. Додека денес во основата на сите надворешни политики на балканските држави се наоѓа принципот на интеграција со европските и атлантските институции и организации, што неминовно бара спроведување на нови реформи во делот кој што се однесува на  регулирање на законскиот статус  на етничките заедници и малцинства. Иако засега на  етничките малцинства на Балканот не се гледа како на културно богатство, сепак повеќе не постојат услови и причини за избувнување на  судири на етничка основа.

И покрај позитивните случувања на балканските простори кои што стануваат се повеќе бројни и по евидентни во последните неколку години, епак не може да се каже дека се решени сите проблеми во сите балкански држави. За разлика од останатите бивши републики на СФРЈ само Словенија и Хрватска достигнаа одреден степен на стабилност. Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија и денес се уште се соочуваат со етнички проблеми.

Освен тоа се уште постои етничка нетрпеливост како појава кај дел од балканските држави. Можно е да се појават ултра десни струења на балканските простори и тоа како резултат на намалувањето на куповната моќ на граѓаните. Можно е во иднина одредени маргинализирани групи да предизвикаат одредени проблеми како на пример создавање на клима на недоверба меѓу луѓето. Сепак може слободно да се констатира дека не се очекуваат било какви појави на сепаратизам или барање за понатамошни делби на балканските простори пред се земајќи ги во предвид денешните регионални и меѓународни услови.

Автор др.Ерхан Турбедар



Слични вести