Исламофобични графити на таблите на две џамии во Приштина

Непознати лица исцртале исламофобични графити на табелите на џамиите Султан Мехмед и Јашар Паша ,инаку пред извесно време реставрирани од страна на ТИКА.

Исламофобични графити на таблите на две џамии во Приштина

Жителите на Приштина биле непријатно изненадени кога забележале исламофобични графити исцртани на табелите на џамиите Султан Мехмед и Јашар Паша ,инаку пред извесно време реставрирани од страна на ТИКА.

Како што соопшти Исламската верска заедница на Косово,преку писмено соопштение непознати лица исцртале графити на табелите на двете џамии оштетувајќи ги табелите.

„Овој напад претставува непочитување како кон овие две џамии кои што се под заштита на закон,така и кон ТИКА  која што ги реставрираше. Исто така претставува навреда на Република Турција која секогаш беше покрај нас и ни ја пружаше својата несебична поддршка. Овој акт го сметаме за штетен.“

Сличен инцидент се случи претохниот ден во Приштина, кога исто така со графити беа нагрдени табелите на Филолошкиот факултет на Приштинскиот Универзитет.

 



Слични вести