Балканска агенда 31-2017

Каква стратегија за Балканот?

Балканска агенда 31-2017

Турција како земја која вложува решителни и интензивни напори за постигнување мирна атмосфера на западната и источната страна, критично значење има натамошната поддршка на реформистичките и мировни политики и политичари. Најсигурен пат за постигнување напредок на Балканот е издигање на демократијата и економскиот развој на повисоко ниво.

Освен политичката поддршка на прореформски политичари на Балканот, Турција уште повеќе треба да ја интензивира економската соработка со балканските земји. Исто така треба да се поттикнат и охрабрат турските бизнисмени повеќе да инвестираат и тргуваат со Балканот. Покрај фактот во последните години дека Турција постигна успех во развојот на економските односи со Балканот, да потенцираме дека успехот не е распореден еднакво со сите земји во регионот. Турските бизнисмени во минатото на Западнобалканските земји сметаа како на мали пазари поради што не покажаа некое поголемо интересирање кон регионот. Ако на Западен Балкан погледнеме од регионален аспект, тогаш економската соработка и трговијата со регионот може да привлече поголемо внимание. Западнобалканските земји не треба да се третираат посебно, туку како една целина и пазар од 24,7 милиони жители.

Освен Србија, во сите други Западнобалкански земји владее голема поддршка за евроатланска интеграција. Турција како земја членка на НАТО треба да ја продолжи поддршката на сите Западнобалкански земји за интеграција со пактот. Од друга страна пак Турција во рамките на добрососедските односи и регионалната соработка треба да ги поддржува балканските земји на патот за пристапување и интеграција со ЕУ.

Исто така никогаш не треба да се откаже од целта за зачувување на турското културно и историско богатство и наследство на Балканот. Не треба да се заборави и фактот дека  Турците на Балканот и останатите роднински заедници како најзначаен сегмент и наследство на Османлиската држава секогаш ќе го чуваат турското културно богатство на овие простори. Освен во сферата на културата, Турција треба уште повеќе да ја зголеми и развие соработката во науката и образованието, кој настан ќе предизвика и поволна политичка интеракција меѓу Турција и балканските земји.

Босна и Херцеговина има посебно и привилегирано место за Турција. Историските, културни и семејни врски меѓу Турција и Босна и Херцеговина, се основата причина поради што Босна има посебно место на Балканот за Турција. Гледано од аспект на сегашната ситуација, можеме да кажеме дека Босна и Херцеговина се наоѓа на еден крстопат. Имено оваа земја во претстојниот период или со уставните промени ќе се трансформира во внатрешно поинтегрирана и современа европска земја или пак сегашната расцепканост ќе предизвика закана за територијалниот интегритет на земјата.

Меѓу граѓаните на Босна и Херцеговина сеуште не постои консензус за тоа како би требало да изгледа земјата во иднина. Турција и во иднина треба да ја продолжи помошта и поддршката на Босна и Херцеговина за надминување на политичките проблеми со кои се соочува. Анкара треба да ги утврди минималните прашања околу кои трите конститутивни заедници на Босна би можеле да постигнат согласност и на тој начин да ги преземе потребните иницијативи. Анкара наместо сеопфатни уставни промени, за Босна и Херцеговина треба да осмисли некои помали и поефикасни прописи и регулативи. Извлекувајќи поука од минатото, Анкара наместо да се ангажира за постигнување компромис меѓу трите конститутивни заедници на Босна и Херцеговина, заедно со пријателските земји на Босна и Херцеговина најпрвин би требало да даде придонес во надминувањето на проблемите меѓу Бошњаците и босанските Хрвати. Функционализирањето на заедничкиот ентитет меѓу Бошњаците и Хрватите ќе биде во корист на цела Босна и Херцеговина. Но исто така меѓународната заедница треба да даде гаранција дека евентуалниот нов мир меѓу Бошњаците и Хрватите, со текот на времето ќе се прошири и во подобрувањето на односите меѓу Бошњаците и Србите. Благодарение на независната комисија која што ќе се формира, може да се придонесе Босна и Херцеговина да стане пофункционална држава и да се определат регулативи и прописи според кои ќе се обезбеди еднаква заштита на националните интереси и еднаков економски развој на целата земја.

Турција треба да продолжи со поддршката на напорите за изнаоѓање решение на спорот за името меѓу Македонија и Грција, како и продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Во спротивно, евентуалните негативни случувања во Македонија и на Косово, можат да предизвикаат на Балканот повторно да завладее нестабилност.

Што се однесува до регионалната соработка, не треба да се заборави дека покрај тоа што Балканот е вовлечен во една мрежа на соработка, продолжува негативното влијание на немилите настани кои беа доживеани во регионалните земји. Особено не треба да се заборави дека предлогот за формирање царинска унија меѓу самите земји кои се отцепија од поранешна Југославија, предизвика бурни реакции. Поаѓајќи од оваа сфаќање, ќе биде од корист Турција регионалната соработка со балканските земји да ја продолжи и развива на институционално ниво како и надминување на секторските и специфични проблеми.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести