Балканска агенда 30-2017

Црноморските политики на Бугарија и Романија

Балканска агенда 30-2017

Во последно време се забележува дека се повеќе расте интересирањето на меѓународните актери како што се САД и ЕУ кон Црноморскиот регион. Имено Црноморскиот регион за Америка и ЕУ претставува еден вид енергетски мост меѓу Исток и Запад како и штит кој ја штити Европа од заканите како што се организираниот криминал и тероризмот. Бугарија и Романија како резултат на геополитичката положба што ја поседуваат исто така се свесни се за улогата што ја имаат како земји енергетски мост и штит.

Се до 1991 година, сите земји кои излегуваат на Црното море освен Турција се наоѓаа под целосно влијание на Москва. По овој датум Црноморскиот регион стана пристапен и за останатите светски актери поради што дојде и до промени во односите меѓу силите во регионот. Особено по приемот на Бугарија и Романија во НАТО, некои западни делови на Црноморското крајбрежје кои влегоа под контрола на границите на НАТО алијансата, регионот се стекна со поголемо значење од аспект на Евроатланската безбедност.

Гледано од аспект на Вашингтон, Бугарија и Романија кои се управуваат од страна на пријателски настроени власти кон Америка, имаат стратешко значење. Овие две земји кои што се силни поддржувачи на НАТО, од една страна границите на Алијансата ги отвораат кон Црното море, од друга страна пак формираат отскочна даска кон Кавказ и Блискиот Исток. Бугарија и Романија исто така имаат големо значење и од аспект на транспортот на нафтата на Блискиот Исток и Каспискиот регион како и енергетските извори кои се наоѓаат под руска контрола во Медитеранот и Европа.

Стратегијата на Америка кон Црното море се заснова на два основни столбови. Првиот столб е поврзан за логистичката поддршка на Америка со која се стекнува од регионалните земји. Во тие рамки, Бугарија и Романија кои дозволија на нивните територии да се формираат американски бази се стекнаа со значајна улога. Вториот столб се заснова на проширувањето на сферата на влијанието и акциите на НАТО и ОБСЕ (Организацијата за безбедност и соработка на Европа) кои ги опфаќа и Црното море.

Геополитичките потреби на Америка со Црноморскиот регион по се изгледа дека се конзистентни со целите на раководствата во Бугарија и Романија. Пред се, Софија и Букурешт сеуште имаат потреба од безбедносната покривка на Америка. Поинаку речено, ниту Бугарија ниту пак Романија не сакаат безбедноста да и ја доверат само на Европа. Бидејќи земјите членки на ЕУ ниту во рамките на војната што беше доживеана на Балканот во 1990-те години, ниту пак во војните на Блискиот исток не можеа да се раководат поаѓајќи од заеднички безбедносен концепт.

Бугарија и Романија веруваат дека благодарение на американските бази во нивните земји ќе може да се консолидира безбедноста како во нивните земји така и во регионот. Од друга страна пак, двете земји очекуваат дека стационирањето на американските бази ќе даде допринес во модернизацијата на армиите на бугарската и романската армија. Затоа и натаму продолжуваат да пристигнуваат најголемите донации од Америка за реформирање на одбранбениот и безбедносниот сектор на Бугарија и Романија.

Бугарија и Романија како земји кои што одобрија да се стационираат американски бази во нивните земји, исто така од овој потфат имаат и економски очекувања. Раководителите и граѓаните на двете земји веруваат дека со консолидирањето на безбедноста во нивните земји и регионот, ќе дојде и до зголемување на директните странски инвестиции. Истовремено преовладува и мислењето дека Бугарија и Романија со унапредување и развој на односите со Америка, Вашингтон ќе им пружи поголема економска помош.

Гледано од Црноморскиот стратегиски аспект на Америка, може да се каже дека Бугарија и Романија имаат слична улога. Што се однесува до деталите, состојбата малку се разликува. Надворешната политика на Бугарија широк простор посветува на Црноморската соработка. Очигледно е дека бугарските раководители се ангажираат и вложуваат напори за формирање транспортен, комуникационен и енергетски коридор со кој Европа преку Црното море, ќе се поврзе со Блискиот Исток и Централна Азија. Бугарија за разлика од Романија придава поголем приоритет на постигнувањето стабилност на Балканот. Што се донесува до причината за тоа можеме да кажеме дека при секој проблем на Балканот, Бугарија е една од земјите која во најмала рака сноси економски цех и загуба.

Додека за разлика од Бугарија, надворешната политика на Романија има поголем приоритет кон Црноморскиот регион отколку кон Балканот. Во споредба со Бугарија, очигледно е дека Романија нема толку пријателски став кон Русија. Затоа Романија како земја која се простира на Црното море и од аспект на проблемите со кои е соочува во надворешната политика се ангажира да ја добие целосната поддршка на Вашингтон. Сепаратистичките движења во областа Трансдњестар во Источна Молдавија кои се поддржуваат од страна на Русија се најочигледните примери за незадоволството на Романија. По руските авантури во Крим, постигнувањето добри односи со Вашингтон како и стационирањето на американските војници на своите територии, по се изгледа се стекна со поголемо значење за Романија.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести