Балканска агенда 29-2017

Пеколот „Сребреница“

Балканска агенда 29-2017

1992 година. Година кога во Босна и Херцеговина почнаа да се раѓаат темни утра, а тишината на ноќите беше прекинувана со писоци и извици; година кога оружјето почна да сее смрт. Година кога наместо надеж, меѓусебна доверба и респект за што важеше Босна и Херцеговина, почна омраза, глад, тортури и смрт. Година кога започна еден долг кошмар и светот остана нем набљудувач на случувањата. Бошњаците кои пред војната беа среќни во домовите, како последица на војната беа принудени да мигрираат. Свет во кој домовите беа претворени во пепел, на место среќата преовладуваше страв, загриженост и солзи. Свет во кој наместо терени за игри беа ископани гробови, а по реката Дрина повторно течеше Бошњачка крв. Свет кој покрај ветувањето дека уште еднаш нема да дозволи геноцид, за жал во Сребреница дозволи уште еднаш да се повтори ова зло.

22 години по геноцидот во Сребреница, мајките со надеж дека ќе можат да ги пронајдат посмртните остатоци на децата, продолжуваат да доаѓаат во пеколот Сребреница. Наместо да се радуваат на свадбата на детето и неговата среќна иднина, мајките на Сребреница можат да се радуваат единствено ако еден ден ги пронајдат посмртните остатоци на децата.

Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, трагедијата во Сребреница со сите детали ја докажа на различни судски постапки што беа покренати. Заедно со Меѓународниот суд за правда докажа дека случувањата во Сребреница беа геноцид.

Не само судовите, туку и масовните гробници кои беа отворени сведочат за трагедијата која беше доживеана во Сребреница. Случувањата во Сребреница уште еднаш ја покажаа монструозноста на убиствата кои беа извршени и тоа со погребување на една 101 годишна баба и 29 дневно бебе. Аллах дозволи да се спаси само едно лице од масовното убиство на кое беа изложени Бошњаците кои беа наредени на куршуми. На тој начин, бидејќи беа откриени сведоци кои можат да сведочат за случувањата, фактите не можеа да се прикријат.

Најголема потреба за вистината имаа десетици илјадници семејства на загинатите деца, татковци, мајки и другите блиски роднини. Исто така потреба за вистините имаат и сите оние кои што не можат или не сакаат да го сфатат сето она на што беа изложени Бошњаците. Сите оние кои што замижаа пред убиството на Бошњаците само поради тоа што имаат други имиња и се молат на друг начин, исто така имаат потреба да ги согледаат вистините и да ги прифатат своите грешки.

И кутрите воени злосторници како што се Радован Караџиќ и Ратко Младиќ и другите кои по убиството на жртвите, повторно се вратија на местото на убиството и со градежни машини погребаните жртви со камиони ги пренесоа во новите масовни гробишта. И Европа во која сеуште продолжува да се крие злото „фашизам“ кое не го разбираат и сфаќаат, која е успиена и поделена на различни сфери на влијанија, исто така има потреба за вистините.

Сребреница не се состои само од бројки. Сребреница не е само приказна во која се говори за немилосрдното убиство на Бошњаците чие право на самоодбрана беше одземено. Сребреница не е само приказ на стравот и безмилосноста на холандскиот баталјон која во историјата влезе со овој епитет според она што го соопштија ОН. Сребреница претставува одраз на еден план за уништување на еден народ и неговиот егзистенцијализам чија рефлексија може да се види во долината Поточари. Сребреница е симбол на една голема тага која се простира на надгробните камења во Поточари.

Бошњачката новинарка Алмаса Хаџиќ во еден напис ја објавува приказната на мајката Назија Бегановиќ која е само една од многубројните.

“… Неколку дена се криевме во шумата околу селото. По одреден период, локалните полицајци и српските комшии не повикаа да излеземе од шумата. Тоа што ни беше речено е дека за да не испратат во Тузла, сите треба да се собереме во селото. Ни дадоа гаранција дека нема ништо да ни се случи. Ние им поверувавме. Меѓу нас имаше неколку жени, деца, возрасни и млади.

Кога излеговме од шумата, почнаа да ги одвојуваат мажите од жените, а веднаш потоа мажите ги качија на автобусите кои чекаа. Најпрвин го однесоа маж ми Мустафа. Веднаш по него ги однесоа и децата Муриз, Бериз, Идриз, Фериз, Рамо и Фахрудин. Јас седев на страна, плачев и се тресев. Наеднаш почнав да трчам кон камионот во кој беа качени децата. Мислејќи дека уште еднаш не ќе можам да ги видам, сакав да го замолам српскиот офицер да ми остави барем едно дете. Но наеднаш застанав и си помислив: што ако ме праша кое дете го сакаш? Како можев да му кажам ова дете остави го, а другите да одат. Зарем децата нема да ме прашаат „мајко зарем него го сакаш повеќе од нас“?  Затоа не можев да кажам ништо. Плачев и не можев да се одлучам. Се скаменив кога ги качуваа децата на камионот. Ги однесоа и веќе никогаш не ги видов. Моментално живеам со внучето кој е единствениот машки потомок на семејството и род...“

Човештвото навистина треба да се засрами пред мајките како што е Назија Бегановиќ бидејќи сеуште не може да им го поврати чувството на правда.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести