Иванов му го додели на Зоран Заев мандатот за составување влада

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денес во му го врачи мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Иванов му го додели на Зоран Заев мандатот за составување влада

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денес во му го врачи мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев чија партија беше втора на парламентарните избори што се одржаа на 11 декември минатата година.

На денешната церемонија, Иванов пред присутните новинари истакна дека се отстранети пречките за доделување на мандатот за состав на влада, со што се зачувува унитарноста на државата и почитувањето на Уставот. Денес пристапуваме кон исполнување на членот од Уставот за определување на мандатар за состав на Владата, рече претседателот Иванов.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна: Во име на формираното парламентарно мнозинство, прво гарантираме заштита на унитарноста, сувернитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста, заштита на уставниот поредок и на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани, без оглед на религиската, етничката и јазичната припадност, почитување на основните демократски принципи и владеење на правото, не доведувајќи ја Македонија во состојба на потчинетост.

 



Слични вести