Виктор Орбан:Безбедноста на Европа и на Унгарија во голема мера зависи од Турција

Турција денес е стабилна држава и воедно држава која ги спречува илегалните мигрирања

Виктор Орбан:Безбедноста на Европа и на Унгарија во голема мера зависи од Турција

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан рече дека безбедноста на Европа и на неговата земја во голема мера зависи од Турција.

Орбан кој учествуваше на меѓународнииот форум „Појас и пат“ што се одржа во Пекинг, Кина во изјава за унгарската телевизија се осврна на дискусиите и целите на форумот и рече дека на мергините на форумот имал прилика да се состане со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и дека во разговорот и двајцата констатирале дека негувањето на добрите односи меѓу двете земји има големо значење.Орбан додаде :

Ние секогаш имаме големо почитување за претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Безбедноста на Европа и на Унгарија во голема мера зависи од Турција,бидејќи Турција денес е стабилна држава и воедно држава која ги спречува илегалните мигрирања. Факт е дека одличните односи меѓу Унгарија и Турција се само дел од националната безбедност на Унгарија.

Од кабинетот на премиерот на Унгарија во меѓувреме пристигна официјално соопштение дека наскоро се очекува да заврши реставрацијата на турбето Ѓул Баба во Будимпешта која ја изведува ТИКА од Турција и дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе биде поканет на свеченоста по повод отворањето на реставрираното турбе.

 



Слични вести