Балканска агенда 20-2017

Босна и Херцеговина од криза во криза

Балканска агенда 20-2017

Во серијата политички кризи кои се доживуваат во Босна и Херцеговина беше вброена уште една нова криза. Пратеничка група односно Клубот на делегати од хрватскиот народ во Домот на народите на парламентарното собрание на Босна и Херцеговина достави предлог измени и надополнувања на Изборниот закон на Босна и Херцеговина и бараше истиот итно да биде изгласан. На тој начин хрватските пратеници се обидоа предложените промени на изборниот закон да бидат изгласани без претходни дискусии во јавноста и да се усвојат без никакви измени. Предложените измени на клубот на хрватските делегати беа усвоени со поддршката на група српски пратеници, поради што клубот на делегатите на бошњачкиот народ беше принуден да преземе потфтат преку кој ќе се спречи предлог-законот. Под изговор дека предлог-законот се коси со националните интереси на Бошњаците, Бошњачките пратеници го започнаа механизмот за заштита на виталните национални интереси на народите и обезбедија прашањето да биде изнесено пред уставниот суд на БиХ. Иако навидум предлог-законот за промени во изборниот закон изгледа обичен настан, во суштина прашањето има многу длабоки политички димензии.

Промените во изборните закони во голем број земји во светот се рутинска имплементација на патот за демократизација. Но кога станува збор за Босна и Херцеговина, тогаш наместо демократизација, ова прашање се претвора во барање етнички права. Што е позначајно, прашањето е директно поврзано и со уставот на државата. Имено според Уставот на Босна и Херцеговина кој претставува Анекс на Дејтонскиот мировен договор, граѓаните на Босна и Херцеговина многу повеќе се третираат за граѓани на ентитетот отколку на државата. Согласно 4-от член на Уставот на Босна и Херцеговина, Домот на народите на Босна и Херцеговина се состои од 15 членови од кои пет Бошњаци, пет Хрвати од федералниот ентитет, пет Срби од ентитетот Република Српска. Како резултат на оваа уставна регулатива, Хрватите и Бошњаците кои живеат во Република Српска и Србите кои живеат во Федерацијата, не можат да бидат избрани за членови на Домот на народите. Слични тешкотии постојат и во 5-от член на уставот кои се однесуваат на изборот на претседателот на државата. Според овој член на уставот, трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина се состои од три членови и тоа еден Бошњак, еден Хрват и еден Србин. Српскиот член на претседателството се избира од Република Српска. Како што може да се разбере од содржината на овој член на уставот, за член на претседателството не може да се избере Хрват или Бошњак од Република Српска и обратно, од Федерацијата не може да се избере Србин. Ако се земе во предвид фактот дека при изборот на членовите на претседателството не може да се оди на втор круг, овој чин се оценува како дополнителна состојба според која се прекршуваат човековите права и слободи.

Согласно 3-от став на 4-от член на Уставот според кој се регулира како ќе се усвои одлуката во двата дома на Собранието на Босна и Херцеговина, наместо граѓанин на Босна и Херцеговина многу поголем приоритет има поимот граѓанин на ентитетот. За да се усвои една одлука од страна на собранието, одреден процент на пратеници од сите ентитети треба да гласаат за усвојувањето на одлуката. Поради овие причини, во процедуралната постапка при усвојувањето на одлуките на државно ниво се доживуваат одредени пречки и претставниците на различните народи не можат лесно да постигнат согласност, а исто така не можат да се усвојат одлуки за коренити реформи.

Механизмот за заштита на виталните национални интереси на народите пак уште повеќе ја заплеткува состојбата. Во пракса, овој механизам има за цел да ги заштити колективните интереси на трите конститутивни народи на Босна и Херцеговина, Бошњаците, Србите и Хрватите. Но бидејќи механизмот за кој станува збор точно и јасно не е дефиниран, неговата примена може да биде многу флексибилна. Затоа, механизмот за заштита на виталните национални интереси на народите во БиХ, од страна на одреден конститутивен народ лесно може да се искористи како средство за спречување на стапувањето во сила на законите.

Згора на тоа, сите овие уставни регулативи ги игнорираат останатите граѓани на Босна и Херцеговина кои не се Бошњаци, Срби и Хрвати. Поради тоа Дерво Сејдиќ од ромско потекло и Јакоб Финци од еврејско потекло кои живеат во Босна и Херцеговина, бидејќи уставот на државата и актуелните изборни закони им го бранат правото да бидат избрани за претседател на државата и пратеници во собранието, во 2006 година поднесоа жалба до Европскиот суд за човекови права. Судот во одлуката што ја донесе во 2010 година, жалбите на Сејдиќ и Финци ги најде за оправдани поради што достави барање да се извршат потребните промени во Уставот на Босна и Херцеговина. Од тој датум до денес, промените во уставот и изборните закони се наоѓаат на дневниот ред на државата. Како последица на унитарната политика на Бошњаците, сепаратистичката политика на Србите и автономната политика на Хрватите, подолг временски период не може да се постигне согласност во врска со прашањето.

Хрватите, искористувајќи го прашањето со Сејдиќ и Финци постојано се ангажираа да се постигнат поголеми промени кои претежно ќе бидат во корист само на Хрватите. Сличен став беше забележан и во предлог законот за промени во изборниот закон на Босна и Херцеговина кој беше изготвен од страна на Хрватите. Она што во суштина се планира да се направи со последните промени е изборот на хрватските претставници во претседателството и пратеници  да може да биде избран само со гласовите на Бошњаците. Со новите промени се предложува изборот на бошњачкиот претставник да може да се одржи само со гласовите на Бошњаците. Со новиот предлог се предлага изборот на хрватскиот претставник да може да се одржи само со гласовите на Хрватите, додека изборот на бошњачкиот претставник само со гласовите на Бошњаците. Оваа регулатива освен тоа што ќе предизвика етничко гласање, исто така претставува еден вид игнорирање и занемарување на останатите малцинства кои живеат во Босна и Херцеговина. Новиот предлог-закон исто така предизвикува и ново прекршување на човековите права. Како што е познато Бошњачко-хрватската федерација се состои од 10 кантони. Доколку се усвои предлог-законот на Хрватите, тогаш Бошњаците кои живеат во 10-те кантони во државата или пак Хрватите кои живеат во кантонот Сараево, не ќе можат да бидат избрани за пратеници во собранието на Босна.  Една од причините за блокирањето на Бошњаците на предлог-законот за промени на изборниот закон на Босна и Херцеговина е токму тоа. Иднината на предлог-законот на кој беше доставен на разгледување до уставниот суд засега изгледа неизвесна. Случувањата во врска со предлог-законот уште отсега најавуваат нова политичка напнатост пред претстојните избори предвидени во 2018 година.

Автор на програмата д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести