Утре во Грција штрајкуваат морнарите

Како последица на штрајкот ќе се прекине бродската поврзаност меѓу копното и островите

Утре во Грција штрајкуваат морнарите

Морнарите во Грција усвоија одлука да одржат штрајк против политиките на грчката влада за стегање на ременот.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Федерацијата на морнарите на Грција (ПНО) штрајкот ќе започне вечерва во 01.00 часот според локално време и сите бродови 24 часа ќе бидат усидрени во пристаништата. Ниту еден брод нема да исплови.

Како последица на штрајкот ќе се прекине бродската поврзаност меѓу копното и островите.

Во соопштението беше истакнато дека Грчката влада исто како што им направи на европските доверители треба да го повлече прелиминарниот договор за дополнително стегање на ремените и да ја спречи невработеноста во поморскиот сектор.

Грчката влада во рамките на пакетот за спасување имаше прифатено да усвои нови дополнителни мерки за стегање на ременот со кои се предвидува намалување на највисоката стапка на пензиите за 2019 и 2020 како и стапката на даночно ослободување.



Слични вести