Балканска агенда 19-2017

Насилството во Собранието на Македонија кое предизвика страв

Балканска агенда 19-2017

На 27 април четврток, Собранието на Македонија беше сцена на насилства. Веднаш по изборот на новиот претседател на Собранието од страна на коалицијата која го обезбеди потребното мнозинство за формирање влада, подржувачите на поранешниот премиер Никола Груевски упаднаа во зградата на Собранието.  Нападот кој беше насочен врз пратениците на Социјалдемократската партија заврши со повреда на над 100 лица. Немилиот настан што беше доживеан освен тоа што фрли сенка на демократските вредности и придобивки на Македонија, исто така предизвика голема загриженост во врска со општата безбедност во земјата.

Македонија е значајна земја од аспект на постигнувањето на стабилноста на Балканот.

Евентуалните немири кои можат да избувнат во Македонија која има многу чувствителна геостратешка местоположба и структура на популацијата,  може да се прошират и надвор од териториите на земјата. Затоа, насилствата кои беа доживеани ноќта на 27 април во Собранието на Македонија, беа причина за појава на сериозна загриженост за сите оние кои придаваат големо значење на мирот и стабилноста на Балканот.

До овој настан, кога приврзаниците на една политичка партија која беше на власт и де факто сеуште е на власт се до формирањето на новата влада, односно противењето на промената на власта предизвикувајќи насилства, се мислеше дека беше надмината на Балканот. Исто така се веруваше дека на Балканот се надминати управните форми кои не придаваат значење на сувереноста на гласачите, кои нанесуваат штета на демократијата и слободите, кои противниците ги обвинуваат за предавство, спроведуваат истраги против приврзаниците на опозицијата и нејзините пратеници, па дури и оние кои играат на картата на етничките односи. Но за жал последните случувања во Македонија покажаа дека земјата не е многу далеку од повторувањето на една ваква средина.

Насилството во Собранието на Македонија не беше само едноставен пример на борба за власт. Тоа беше показател на отпорот на лидерот кој од август 2006 до крајот на 2016 година управува со Македонија и без оглед на цената сеуште сака да остане на власт. Ова беше потег на политичката партија која од страна на опозицијата се обвинува за зголемување на хегемонијата над државните установи, интервенирање во работите на медиумите, правосудните органи и бизнисмените, провоцирање на националните чувства на граѓаните, изборни нерегуларности и корумпираност, а кој нанесе тежок удар на демократските традиции.

Тоа беше обид на заштита на имунитетот и покрај истрагата на една политичка елита која беше започната од страна на Специјалното јавно обвинителство. Насилството во собранието на Македонија беше антидемократски обид за затнување на патот за формирање на влада од страна на опозицијата која го оформи потребното мнозинство по предвремените избори на 11 декември 2016 година што се одржаа во земјата, а која влада не можеше да ја формира актуелната владејачка партија. Сите овие случувања предизвикаа демократијата во Македонија да биде многу кршлива.

Иако е очигледна адресата на политичката нестабилност во последните години во Македонија треба да се погледне и од поширок аспект на случувањата. Пред се, како може еден лидер и политичка партија кои имаат за цел земјата да ја зачленат во ЕУ и НАТО, да се однесуваат против демократските вредности и придобивки на ЕУ? Најпрвин треба да се постави токму ова прашање. Македонците како најмирољубив народ на поранешна Југославија, како можат наеднаш да се вовлечат во калта на национализмот? Секако дека одговорот на сите овие наведени прашања треба да се бара во безбедносните проблеми, економскиот перформанс, функционалноста на демократските установи, социокултурната кохезија и низа други димензии.

Добрите односи на оваа земја со соседните земји исто така има големо значење од аспект на процесот на демократизација. Затоа, сите оние средини кои што одбиваат да го прифатат името на државата Македонија, народот, верата и црквата, како и сите оние кои што го попречуваат патот на пристапувањето на Македонија во евроатланските институции, претходно самите треба да ја преиспитаат и својата одговорност. Во 2005 година, покрај тоа што Македонија се стекна со статус на земја кандидат за пристапување во ЕУ, исто така и официјален Брисел треба да ја преиспита својата улога и одговорност поради незапочнувањето на преговорите за членство. Имено Брисел, покрај тоа што навидум се однесува како да сака Македонија да пристапи во ЕУ, во суштина го крие вистинскиот проблем околу името на Македонија кој го доживува со Грција. Брисел со овој начин на однесување предизвика да дојде до забавување на интензитетот на реформите во балканските земји па дури и процесот на стекнување со поголеми демократски права на граѓаните на Балканот. Доколку се поиграте со најчувствителните вредности на еден народ и доколку една земја со години ја терате да чека во дворот на ЕУ, тогаш последиците се очигледни.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести