Балканска агенда 18-2017

Турците во Романија

Балканска агенда 18-2017

Подрачјето Добруџа во Романија е едно од примерните простори каде што приврзаниците на различни заедници живеат во мир. Турците коишто живеат во регионот покрај тоа што се лојални граѓани на Романија, исто така се залагаат да ги заштитат вредностите на своето битие и култура. Денес Турците во Романија имаат голем допринес во развојот на односите и зближувањето меѓу Турција и Романија.

Турците во Романија претежно живеат во Добруџа. Во рамките на Османлиските политики за населување, во Добруџа покрај тоа што биле населени Турци од Анадолија, со доаѓањето на Татарите од Крим подрачјето стана значаен центар на населување на турска популација. Со текот на времето од подрачјето беше забележана обратна миграција, враќање на Турците во Анадолија. Според пописот на населението во 2011 година, во Романија живеат 28 226 Турци Огузи и 20 464 Турци Татари, вкупно 48 690 Турци. Според податоците од пописот во 2002 година може да се види дека вкупниот број на Турците Огузи и Турците Татари изнесувал 56 733. Како последица на политиката на одвојување што се следеше во периодот на Советскиот Сојуз, може да се каже дека дури денес се чувствуваат политичките разлики меѓу двете турски заедници. Новите генерации влеваат надеж за единството на Турците во Романија.

До започнувањето на социјалистичкиот период, напорите на Турците во Романија за заштита на културниот и верски идентитет на Турците во Романија беа многу успешни, а исто така беше постигнат успех во заштитата на политичките и социјалните права. Но по 1944 година, со започнувањето на социјалистичкиот период во Романија, заедно со останатите малцинства, Турците во Романија беа изложени на одредени прекршувања и забрани од аспект на правата во образованието на мајчин јазик, културата и верските слободи и права. Почнувајќи од 1990-те години, вклучувајќи ги и Турците беше подобрена состојбата на малцинствата во Романија.

Пред се со 6-от член на новиот устав на Романија беше признато и земено под заштита правото на малцинствата во Романија за заштита и развој на етничкиот, културниот, јазичен и верски идентитет. Во 32-от член се нагласува дека малцинствата имаат право да го изучуваат мајчиниот јазик и во рамките на законите да се школуваат на мајчин јазик. Впрочем во рамките на образовниот систем Турците во Романија, немаат училиште во кое сите часови се изучуваат на турски јазик. Како и другите малцинства, така и Турците како изборен предмет можат да го изберат турскиот јазик како мајчин јазик, меѓудругото можат да земат часови за историјата и традицијата на Турците на турски јазик. За изучување на турскиот јазик децата во Романија имаат потреба од дополнителни книги и образовни средства.

Според 59-от член на уставот на Романија, на малцинствата кои не можат да освојат доволен број гласови за претставување и застапување во собранието, им се доделуваа по едно пратеничко место во собранието. Согласно овој член, Турците Огузи и Турците Татари имаат по еден пратеник во собранието. За пратеничките кандидати кои се предвидува да го претставуваат турското малцинство и да ги бранат нивните законски права пред службените органи на Романија, се гласа на генералното заседание на двете здруженија. Тоа се здруженијата „Демократска унија на Турците во Романија“ и „Демократска унија на муслиманските Турци Татари на Романија“. За жал, напорите за обединување на двете здруженија под еден кров не дадоа позитивни резултати. Освен двата пратеника во собранието на Романија, Турците се кандидираат и на локалните избори и во тие рамки бараат решение на своите потреби.

„Демократска унија на Турците во Романија“ и „Демократска унија на муслиманските Турци Татари на Романија“ ги остваруваат повеќето од културните активности на Турците, меѓу другото вложуваат напори за заштита на обичаите и традициите, јазикот и верата на Турците. Покрај тоа, наведените здруженија ги искористуваат донациите на владата на Романија наменети за малцинствата, се бават со објавување периодични списанија на турски и романски, организираат и одржуваат фестивали, симпозиуми, состаноци, конференции. Освен пишаните публикации, секоја недела по половина час на радиото Констанца се емитува емисија на турски јазик, а на државната телевизија на Романија месечно еднаш во времетраење од еден час се емитува програма на турски јазик на која се емитуваат прилози за турската заедница.

Во заштитата на културата и вредностите на Турците за идните генерации, голема обврска и задача имаат „Демократска унија на Турците во Романија“ и „Демократска унија на муслиманските Турци Татари на Романија“ особено во заштитата на Османлиско – Турско наследство во Романија.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести