Пучистите повторно ќе бидат изнесени пред суд

Сеуште не е утврден сатумот на рочиштето на останатите 5 пучисти

Пучистите повторно ќе бидат изнесени пред суд

Пучистите на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО кои лани на 15 јули се обидоа да извршат воен удар и пребегнаа во Грција, повторно ќе бидат изнесени пред суд.

Грчката официјална новинска агенција АНА-МПА соопшти дека на новото барање за екстрадиција на Турција, 3 од 8-те пучисти на 25 април ќе бидат изведени пред Врховниот суд во Атина.

Сеуште не е утврден сатумот на рочиштето на останатите 5 пучисти.

Пучистите по обидот за воен удар на ФЕТО на 15 јули со воен хеликоптер пребегнаа во Грција и апелираа за политички азил.

Врховниот суд на Грција во јануари го одби барањето на Турција за екстрадиција на пучистите, поради што Турција со две нови обвиинувања повторно поднесе барање за нивна екстрадиција.

Барањето азил на пучистите продолжува да се разгледува од страна на Канцеларијата за азил на Грција.

Грчките власти донесоа одлука се додека не се оконча барањето азил на пучистите, да се држат во притвор.



Слични вести