Хеликоптерска несреќа во Грција

По повод несреќата во Грција беше прогласена тридневна жалост

Хеликоптерска несреќа во Грција

Во хеликоптерската несреќа во Грција загинаа 4 војници, а еден војник беше повреден.

Генералштабот на Грција соопшти дека во подрачјето Еласона на северот на Грција беа откриени остатоците на воениот хеликоптер „Huey UH-1H“ во кој се наоѓаа 5 војници од кои 3 членови на екипажот.

Во несреќата чија причина сеуште точно не е утврдена, загинаа 4 војници, додека повредениот војник кој беше спасен, засега е вон животна опасност.

Хеликоптерот кој полета од градот Лариса за Кожани, леташе во рамките на рутинска гранична контрола над подрачјето.

Министерот за одбрана на Грција Панос Каменос рече дека по повод несреќата во земјата беше прогласена тридневна жалост.



Слични вести