Балканска агенда 16-2017

Куса историја на присуството на Турците на Балканот

Балканска агенда 16-2017

Присуството на Турците на Балканот е старо колку и присуството на Словените. Спомениците и остатоците кои што датираат од старите времиња укажуваат на присуството на различни турски племиња кои на Балканот дошле пред Османлиите. Имено на Балканот можат да се сретнат различни траги на Аварите, Печенезите, Огузите, Куманите и други различни турски племиња. Освен натписите и остатоците кои се однесуваат на периодот пред Османлиите како што би можело да се разбере и од името на градот Куманово во Македонија дури и денеска на просторите на Балканот се користат имиња на стари турски племиња.

Некои истражувања укажуваат на тоа дека во одредени области на Босна и Херцеговина и Црна Гора постоеле населени места на Аварите кои се одржале подолг временски период. Хрватската историчарка Нада Клаиќ истакнува дека Аварите зазеле значајно место во првите политички организирања на Словените како и тоа дека Аварите 200 години владееле на териториите на денешна Босна и Херцеговина. Клаиќ и некои други историчари исто така наведуваат дека титулите на првите словенски владетели како што се „Бан“ и „Жупан“ се Аварски зборови кои значат „богат“ и „сопственик на имот“.  Овие вистини се само некои од доказите кои што покажуваат дека турското присуство на Балканот е старо колку и словенското присуство на овие простори.

Османлиската држава ги разви најтрајните односи на Турците со Балканот кои беа причина за постигнувње ефективни резултати и одиграа позитивна улога. Османлиите првиот чекор на Балканот го фрлија со заземање на калето Чимпе во близина на Гелиболу (Галиполе) во 1352 година, а потоа следеше процес на напредување кон Централна Европа кој што траеше приближно 350 години.

Во втората половина на 14-от век речиси никој во Европа не ни помислуваше дека Османлиите ќе можат да бидат сопрени дури пред портите на Виена. Напредувањето на Османлиите на Балканот понекогаш се соочи со отпорот на обединетите локални сили, меѓутоа османлиската војска не можеше да биде запрена. Општествената и економската поделеност и конкуренцијата меѓу балканските држави во значителна мера го олеснија напредувањето на Османлиите кон внатрешните делови на Европа од три насоки.

Поразот за време на втората опсада на Виена беше почетокот на слабеењето на Османлиската држава. По втората опсада на Виена која започна во 1683 година и резултираше со неуспех пред сојузот на австриските, полските и венецијанските војски, Османлиите почнаа да губат некои од освоените области во Европа и да се повлекуваат кон југоисток. Процесот на повлекување од внатрешните делови на Централна Европа и Балканот траеше приближно 210 години. Одлуките усвоени на Берлинскиот конгрес на 13 јули 1878 година беа причина Османлиите во значајна мера да ја изгубат својата власт на Балканот. По 1912 година Османлиите целосно го изгубија Балканот. Но покрај сите напори, трагите на Османлиите на Балканот никогаш не беа избришени.

Балканските градови кои влегоа под хегемонијата на Османлиската држава со текот на времето почнаа да се развиваат, да се подобруваат животните услови, да се менува дотогашниот општествен поредок и живот. Во тие рамки беа изградени водоводни мрежи, чешми, амами, библиотеки, патишта, мостови, згради. Се разви занаетчиството и трговијата и дојде до културен развој. Османлиите донесоа нова цивилизација која се засноваше на исламската култура. Значаен број муслимани од Османлиската држава Балканот го прифати како свој роден крај, додека локалното население на Балканот со прифаќањето на исламот почна да ја формира основата на муслиманите и Турците.

Со спроведувањето на тимарскиот систем, се намали притисокот и репресиите на локалните бегови врз селаните, додека на локалното население им беа признати поголеми права и слободи. Селаните кои во претходниот период на феудалните имоти живееја монотон живот, со доаѓањето на Османлиите и воспоставувањето на османлискиот поредок, можеа да поседуваат своја куќа, мала градина со зеленчук и лозје. Доделувањето на дел од земјиштето кое беше контролирано од страна на големите земјпоседници и манастирите на сиромашните, кај локалното население предизвика да се појави мислењето дека Османлиите се ослободители. Освен тоа Османлиите одиграа голема улога во намалувањето на неблагодарните работи, додека со законите кои беа усвоени се спречи христијанските села да бидат експлоатирани. Еден значаен пример кој ја потврдува оваа благосостојба на селаните е фактот дека поголем број селани од неосвоените територии во 15-от и 16-от век, се преселија во териториите кои се наоѓаа под Османлиска хегемонија.

Двата значајни фактори кои ја интересираа османлиската држава во тој период беа луѓето кои што можеа да се искористат во војните и парите кои ќе им се исплатат, поради што не интервенираше врз управата на христијанските држави и особено општествената структура и нивните верски обреди. Османлиските владетели - султани немаа политика на присилна исламизација и потурчување на немуслиманската популација на Балканот. Султанот при искористувањето на своите овластувања, освен тоа што внимаваше на достојното спроведување на шеријатот и шериатските начела исто така внимаваа и ги почитуваа обичаите и традициите на народите кои беа потчинети. Еден друг значаен фактор кој покажува дека Османлиите не интервенирале врз верската структура на локалното население на Балканот е податокот дека во голем број места на Балканот, особено Бугарија и Србија, Османлиите дадоа одобрение за изградба на голем број нови цркви и манастири.

Кон крајот на 17-от век, кога одредени спахии тимарите почнаа да ги продаваат како приватни имоти, дојде до влошување на состојбата на селаните. Во истиот период, со зголемувањето на бројот на походите на Османлиската држава и даноците како последица на зголемените трошоци, дојде до одредени бунтови во знак на протест на зголемените даноци и малтретирањата на некои репресивни службеници. Балканските историчари овие бунтови во книгите по историја ги рефлектираа како борба за национално ослободување. Изучувањето на искривената историја за Османлиите претставува заеднички проблем на сите книги по историја на балканските земји. Самата историја сведочи за тоа дека Османлиската држава со векови се стремеше да воспостави праведно и урамнотежено општество и мир на оваа географија.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести