Уставните измени ќе ја стабилизираат Турција

Изетбеговиќ изрази задоволство од тоа што 51 насто од граѓаните гласаа „да“

Уставните измени ќе ја стабилизираат Турција

Бакир Изетбеговиќ, членот на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина од Бошњачко потекло рече дека вчерашниот резултат од референдумот за уставните измени ќе ја стабилизираат Турција и дека уште повеќе ќе зајакне.

Во интервјуто за новинарите на една манифестација во Сараево, Изетбеговиќ направи проценка на резултатот од вчерашниот референдум за уставните измени во Турција.

Изетбеговиќ изрази задоволство од тоа што според неофицијалните податоци, 51 насто од граѓаните гласаа „да“ на гласачките кутии за уставните измени и потенцираше дека референдумот беше поддржан и од страна на некои опозиционери кои во последните 10 години беа против одредени прашања.

Бошњачкиот лидер му честиташе на турскиот народ за резултатите и рече дека уставните измени ќе ја стабилизираат Турција и уште повеќе ќе зајакне.

Турција има стабилизирачка и поволна улога во регионот, рече Изетбеговиќ и потенцираше дека силното лидерство на Турција има поволно значење.

Референдумот во Турција активно се следеше во Босна и Херцеговина и веднаш по објавувањето на неофицијалните резултати, стотици Турци и Бошњаци кои живеат во Сараево излегоа на улиците и ги славеа резултатите.



Слични вести