Балканска агенда 15-2017

Непроменливите фактори во турската политика кон Балканот

Балканска агенда 15-2017

Балканот уште од формирањето на Република Турција па се до денес секогаш имаше посебно место во надворешната политика. Фактот дека Балканот се наоѓа на патот на Турција кој се отвора кон Европа, заедничкото историско минато како и бројот на турските сонародници и други роднински заедници кои живеат во регионот, се само некои природни причини поради интересирањето на Турција кон регионот. Во тие рамки да кажеме дека секој изминат ден се повеќе расте и интересирањето на турските бизнисмени кон регионот.

Историскиот фактор е заедничка историско искуство на Турција со балканските земји. Ова искуство ја поттикнува особено Турција да негува и развива добри односи со сите земји во регионот. Меѓудругото може да се каже дека турските политичари на Балканот сметаат како на сфера на која може да влијае Турција. Во тој контекст постојано се изнесува желбата дека Турција со балканските земји има за цел да воспостави односи кои ќе се засноваат на меѓусебна доверба и почит. Како резултат на историскиот фактор да додадеме дека во балканските јазици сеуште се користат и употребуваат низа турски зборови а исто така и најубавите архитектонски зданија продолжуваат да красат некои балкански градови. Турција, во последно време отворено и јавно изразува желба и волја за заштита и реставрација на турското историско и културно наследство во својство на заедничко културно наследство на Балканот.

Гледано од географски аспект, факт е дека Балканот претставува значајна порта преку која Турција се отвора кон Европа. Затоа, сите случувања во регионот имаат политичко, економско и културно влијание и врз Турција. Намалувањето на тензиите во регионот како и воспоставувањето траен мир во регионот, е еден од основните приоритети и интереси на Турција во регионот. Од друга страна пак, Балканот се наоѓа на значајна транзитна рута на трговскиот пат на Турција со западноевропските земји. Турските камиони годишно остваруваат околу 200 илјади патувања и преку Балканските земји пренесуваат стока за Западна Европа. Евентуалните измени кои би можеле да се случат особено во транспортниот сектор на Балканот, освен тоа што можат да обезбедат некои можности за унапредување и развој на надворешната трговија меѓу Турција, Западнобаканските земји и ЕУ, исто така можат да предизвикаат и нови предизвици.

Човечкиот фактор во турската политика кон Балканот е поврзан за Турците и другите роднински заедници кои претставуваат продолжение на Османлиското царство. Според официјалните податоци, на Балканот живеат околу 1 милион 100 илјади Турци. Освен Турците, на Балканот живее и значајна популација муслимани и муслимански заедници кои споделуваат иста историја, култура и други карактеристики со Турците. Според официјални податоци, вкупниот број на муслиманската популација која живее во 10 балкански земји изнесува над 8 милиони лица. Семејната и чувствителна поврзаност на голем број граѓани на Република Турција со Балканот, споделувањето и поистоветувањето на тагата со сонародниците и другите роднински заедници особено во кризните периоди, се само некои од причините за поголемата емоционална чувствителност на Турција кон одредени случувања на Балканот.

Економијата релативно е еден од поновите фактори кои во некоја смисла го образложува влијанието на Турција на Балканот. Со завршувањето на периодот на Студена војна како и транзицијата на Балканските земји кон пазарната економија, почнаа да се развиваат трговските и економски односи меѓу Турција и земјите во регионот. Но и покрај постепениот развој, за жал денешните односи сеуште не се на очекуваното ниво. Меѓудругото, војните кои беа доживеани на териториите на поранешна Југославија се само некои од причините поради кои турските бизнисмени се насочија кон Романија и Бугарија. Исто така и напорите на балканските земји за постигнување поголем економски развој и приватизација, продолжуваат да нудат економски можности за турските бизнисмени. Денес Турција има постигнато договори и спогодби за трговска и економска соработка со сите балкански земји. Турција има потпишано значајни договори со балканските земји како што се Договори за одбегнување на двојното оданочување, Договори за слободна трговија и Договори за заемно поттикнување и заштита на инвестициите.

Според податоците на Заводот за статистика на Турција (ТУИК), уделот на 10 Балкански земји во вкупниот извоз на Турција изнесува 5,2 насто, додека во увозот, 4,5 насто. Романија, Бугарија и Грција се првите три балкански земји кои имаат најголем удел во трговијата на Турција.

Според податоците на Министерството за економија за месец јули 2014, кумулативната вредност на директните инвестиции на Турција во 10 Балкански земји изнесува околу 4.4 милијарди долари. Оваа бројка ги содржи инвестициите остварени во третите земји. Гледано од аспект на инвестициите, Романија е балканска земја во која најмногу вложуваат турските компании.

Турција во балканските земји се бави со претприемнички дејности. Турските компании учествуваат и преземаат претприемнички и изведувачки работи на автопати, станбени објекти и низа други градежни објекти. Според податоците на Министерството за економија, гледано од аспект на претприемничките проекти до јули 2014 година, вкупната вредност на тендерските проекти кои ги освоија турските компании достигна 12 милијарди долари. 57 насто од овие проекти турските претприемачи остварија во Романија, а 13 насто во Бугарија.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести