Балканска агенда 14-2017

Парламентарните избори во Бугарија и Турција

Балканска агенда 14-2017

На 26 март недела во Бугарија се одржаа парламентарни избори. Според официјалните податоци кои беа објавени, на изборите победи централно десничарска партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ). Во период кога се очекува во Бугарија да се формира нова влада, за жал бугарските политичари продолжуваат да ја искористуваат Турција како средство во внатрешната политика.

Во 2010 година, во рамките на проектот „Балкански експрес“ со 9 члена екипа на Турската радио и телевизија (ТРТ) во заедничка соработка со железниците на Република Турција беа остварени 37 емисии во живо од 21 град на 9 балкански држави. Целта на проектот беше да зајакне пријателството меѓу Турција и балканските земји како и промовирање на историјата, културата и туристичките вредности на Балканските земји. Инволвираните министерства и локални управи на балканските земји покажаа големо интересирање кон екипата на проектот „Балкански експрес“ и обезбедија голем придонес во успешното емитување на емисиите.

Тогашните бугарски власти ги дадоа потребните одобренија за активностите на екипата „Балкански експрес“. Од бугарските градови Пловдив, Крџали и Русе беа реализирани успешни емисии. За жал екипата на „Балкан експрес“ единствено во Софија се соочи со сериозен проблем. Расистичката бугарска партија „Атака“ која претежно внатрешната политика ја заснова врз нападите на Турција и Турците како и нејзините приврзаници за жал предизвика несакани превирања преку кои се обиде да го спречи емитувањето на емисијата „Балкански експрес“ во живо од Софија. Скандалот кој можеше да достигне многу поголеми димензии беше спречен благодарение на благородниот став на екипата на ТРТ.

Во март 2017 година, истата свест и слични призори повторно се појавија на спротивната страна на граничниот премин Капикуле. Овојпат целта беше да се спречи Турците со двојно државјанство кои живеат во Турција да преминат во Бугарија и да гласаат на парламентарните избори на 26 март. Освен тоа со поигрување на бројот на отворените гласачки кутии, беше отежнато правото на гласање на турските граѓани со двојно државјанство кои живеат во Турција да гласаат во Бугарија. Во период кога се случуваа сите овие случувања, односно кога гласањето се одржуваше во една земја членка на ЕУ, за жал Брисел кој во секоја прилика потенцира на значењето на основните човекови права и слободи како и демократските установи, сега остана само нем набљудувач. Да не заборавиме дека овие избори во Бугарија се одржуваа под контрола на ЕУ. Што се однесува до причината за тоа, да кажеме дека Бугарската социјалистичка партија (БСП) која со 33,33 насто освоени гласови се наоѓаше на второ место и има блиски односи со Русија, можеше да победи на овие избори. Во тој случај можеше да дојде до продлабочување на расцепканоста во самата ЕУ.

Победата на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) која со 39,58 насто освоени гласови стана прва партија, секако дека има сериозна причина. Партијата ГЕРБ која на претседателските избори во ноември 2016 година изгуби со голема разлика наспроти кандидатот на Бугарската социјалистичка партија, на последните парламентарни избори успеа повторно да ја добие поддршката на народот. Во јавноста во Бугарија продолжуваат дискусиите во врска со тоа кој изгуби на изборите и поради кои причини ги изгубија. За жал, меѓу оние кои изгубија на изборите се и пријателските односи меѓу Турција и Бугарија. Подобрувањето на односите меѓу Турција и Бугарија кое почна да кулминира во последните 27 години за жал беше засенчено како последица на меѓусебните обвинувања меѓу Анкара и Софија и дипломатските потфати што беа преземени со именувањето на амбасадорите.

Факт е дека приврзаниците на Бугарските политички партии кои се раководат со екстремно националистичка свест не го одразуваат вистинскиот став на бугарското општество кон Турција и Турците. Екстремно националистичките партии кои не ја прикриваат противречноста кон Турците како и непријателството кон бегалците, со освојување 9,31 насто од гласовите под кровот на националистичката коалиција Обединети патриоти станаа трета партија на изборите. Во парламентот на Бугарија кој брои 240 пратеници, националистичката коалициона партија Обединети патриоти ќе биде застапувана од страна на 27 пратеници. Затоа оваа партија веќе не може да се смета за екстремитет на бугарското општество. Партијата ГЕРБ која на последните избори се стекна со 95 пратенички места, при формирањето на новата влада најверојатно ќе биде принудена да формира коалициона влада со поддршка на партијата Обединети патриоти. Во тој случај, пријателските односи меѓу Анкара и Софија кои со години се градат со големо трпение и напори можат да бидат изложени на сериозен предизвик. Поконкретно, лидерот на партијата ГЕРБ Бојко Борисов со цел да го собере потребното мнозинство за формирање на коалиционата влада, покрај тоа што со останатите партии дели различни мислења, можеби ќе направи симболична промена во досегашната надворешна политика и ќе биде принуден да покаже поостар став кон Турција, а помек став кон Русија.

Бугарија е земја во која денес живеат најголем број Турци. Како што состојбата на Турците во Бугаријас е одразува врз турско-бугарските односи, така и дијалогот меѓу Анкара и Софија се одразува врз Турците во Бугарија. Подобрувањето на состојбата на Турците во Бугарија осбено по обидите за асимилација во периодот на комунизмот како и принудното иселување како последица на репресивните политики одигра значајна улога во подобрувањето на односите меѓу Турција и Бугарија. Но исто така Бугарија никако не може да се ослободи од неоснованото убедување дека Анкара, наводно турското малцинство го користи како средство за мешање во внатрешните работи на оваа земја. Сржта на целата оваа работа е фактот дека интеграцијата на Турците во Бугарија со општествениот систем и живот во земјата како и подобрувањето и зајакнувањето на нивната политичка сила, освен тоа што предизвикува незадоволство кај екстремните бугарски средини, исто така бугарската држава сеуште не може да ја прифати оваа вистина. Затоа, вештачката напнатост која беше предизвика во Бугарија на последните парламентарни избори, треба да се толкува токму во тие рамки. Како што сите земји во светот покажуваат интересирање кон своите сонародници, така и Турција го има истото право. Како што Бугарија има право да дели пасоши на граѓаните во Македонија и на Косово, особено на Горанците, така и Турција го има истото право да им дели пасоши на своите сонародници во оваа земја.

Во последно време, како последица на односите меѓу власта и опозицијата и некои погрешни предвидувања, Турците во Бугарија почнаа да се делат под крововите на неколку политички партии во земјата чиј број постојано расте.  Партијата „Движење за права и слободи (ДПС)“ која претежно се состои од Турците во Бугарија на последните избори освои 10,83 насто од гласовите и стана четврта партија. Поради тоа партијата на Турците на последните избори ја изгуби досегашната улога на клучна партија за формирање влада. Партијата Демократи за одговорност, транспарентност и слобода (ДОСТ) која исто така се бореше за гласовите на Турците во Бугарија и која ги стекна симпатиите на Анкара, на последните избори не успеа да освои потребно мнозинство гласови за да влезе во парламентот на Бугарија.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести