Моро: „Кон подобра иднина“

Моро е подрачје кое на просторите во кои се говори на турски јазик, во секојдневниот живот претежно се спомнува во молитвите, заедно со угнетените подрачја Палестина, Еритреја, Кашмир

Моро: „Кон подобра иднина“

Моро: „Кон подобра иднина“

Островот Моро е најдолгото страдање во историјата на човештвото и геграфски простор кој најмногу се умори од страдање. Процесот кој започна во 1500-те години со болка, тага, страдање, крв, зулум, искушение, смрт, деновиве како да еволуира кон одредена надеж. Престанувањето на солзите на децата од Моро, закопувањето на мрачните денови од минатото, најавува можност за посветла иднина кон која новите генерации ќе можат да пешачат со спокојство без страв дека ќе останат без родители.

Во врска со денешната тема ви го пренесуваме коментарот на проф. Д-р Кудерет Буљбуљ, декан на факултетот за политички науки при унивезитетот Јилдирим Бејазит во Анкара кој вели:

Моро е подрачје кое на просторите в кои се говори на турски јазик, во секојдневниот живот претежно се спомнува во молитвите, заедно со угнетените подрачја Палестина, Еритреја, Кашмир. Широките маси за Моро многу повеќе имаат слушнато од импресивната песна „Борци за светла иднина – Епот Моро“ на Салих Мирзабејоглу. Муслиманите од Моро очекуваат посветла иднина.

Сакам да се осврнам на референдумот кој што се одржа на 21 јануари.

Кратка историја на Моро

Доаѓањето на исламот на островите на Филипините, не се разликува од доаѓањето и ширењето на исламот во другите области на Далечниот Исток. Жителите на Моро со исламот се запознаваат со посредство на муслиманските трговци поради што муслиманствотото се шири постепено. Се до 1500-те години муслиманите со векови живеат под својата држава.

Судирите меѓу муслиманите кои живеат на Моро и Шпанците започнуваат во 1521 година. Со паѓањето на Андалузија, судирите се шират и на Филипините и од тогаш наваму може да се каже дека судирите на различни начини траат околу 500 години.

Додека во 1900-те години, поголемиот дел од југот на Филипините беа муслимани, како последица на политиките на асимилација и менување на демографската структура, беше намален бројот на муслиманите во низа подрачја поради што паднаа со ситуација на малцинство. Најпрвин Шпанците, а потоа во првата половина на 20-от век САД кои управуваа со регионот како и политиките на Филипините кои ги следеа, муслиманите ги изложуваа на смрт или миграции. Во рамките на посетата на Котабато во 2016 година, имав можност да ги видам луѓето кои што присилно беа исселени од домовите во кои живееја, на кои не им се дозволуваше да живеат на копно, поради што беа осудени да живеат во бараки од лим врз реките.

Муслиманите од Моро, во 1960’те години ѕапочнуваат вооружен отпор против политиките кои се насочени ѕа нивно уништување. Отпорот во раѕлични периоди го пружаат преку различни организации. Врз основа на оваа борба, најпрвин преговорите ги започна лидерот на Исламскиот ослободителен фронт Селамет Хашим кој почина во 2003 година, додека денес муслиманите преговорите со Филипините ги продолжуваат под водство на Хаџ Мурат Ибрахим. Во 2012-та година Филипинската вада постигнува Рамковен договор со Исламскиот ослободителен фронт на Моро (МИЛФ) со цел да се оконча 40 годишната граѓанска војна во која загинаа над 120 илјади, а над 2 милиони лица беа принудени да се исселат. Во 2014 година се формира Независна делегациа за набљудување со цел да се набљудува мировниот процес. Актуелниот претседател на Филипините Дутерте, во рамките на изборната кампања во 2014 година даде ветувње дека во Моро ќе формира Автономна област.

Резултатите и значењето на референдумот

На референдумот што се одржа на 21 јануари 2019 година, автономноста на муслиманите на Моро беше прифатена со гласовите на 80 отсто од гласачите. Во претстојниот период се планира да се формира „Преодниот авторитарен механизам Бангсаморо“ кој ќе се состои од 80 членови. Овој авторитарен механизам ќе има улога на еден вид парламент и со автономната оласт до 2022 година ќе раководи механизмот Бангсаморо.

Со прифаќањето на референдумот, 75 отсто од даноците што ќе се соберат ќе бидат наменети за потребите на локалната, а 25 отсто за потребите на централната власт.

75 отсто од приходите од природните извори ќе бидат наменети за регионот, 25 отсто за централната власт.

Муслиманите во Бангсаморо, за разлика од Филипините ќе можат да воспостават исламско право. Меѓусебе ќе можат да го спроведуваат исламското право. Христијаните во Моро ќе бидат подложени на државното право на Филипините.

Муслиманите во Моро од аспект на внатрешните работи ќе бидат независни, додека од аспект на андворешните работи и безбедноста ќе бидат приврзани кон Филипинската влада.

Потребите на муслиманите во Моро

Поддршка на мировниот процес: Многу е тешко спроведувањето на мировниот процес во светот, без оглед на тоа за која област илирегион станува збор. Досегашните искуства и практиката покажува дека мировните преговори меѓу страните постојано сносат ризик од повторно враќање на почетокот. Затоа, многу е значајна поддршката на средините и меѓународната заедница на Филипините, а кои бараат мир и спокојство. Фактот дека филипинскиот претседател Родриго Дутерте потекнува од едно место блсику до Бангсаморо и дека деството го поминал во областа и имал блиски односи со муслиманите во Моро, е извонрендна прилика за постигнување на мировниот процес. Во тој контекст, многу е значајна поддршката и стимуирањето на Дутерте. Исто така страните треба да бидат многу внимателни и да не дозволат преговорите да се прекинат поради ДАЕШ (ИСИЛ).

Неопходност на ограничување со хумантитарна помош: Не може да се дискутира потребата од хуманитарна помош на една заедница која 500 години води орба за слобода и опстанок и плати висок цех за тоа. Во рамките на мојата посета на Моро, имав можност да утврдам дека во областа делуваат и пружаат помош 26 меѓународни организации, додека од исламскиот свет единствено турската Фондација за хуманитарна помош (ИХХ). Несомнено дека треба да се зголеми хуманитарната помош на областа.

Во еден мој претходен напис посветен на случувањата и муслиманите во Моро (https://www.yenisafak.com/hayat/filipinlermoro-muslumanlari-ve-otesi-2556104), особено потенцирав на неопходноста на поддршката на мировниот процес и преговорите која ја надминува хуманитарната помош. Имено една заедница која за да опстане, со векови ногу повеќе се фокусирала кон судири, несомнено дека во текот на овој мировен процес за оформување на својата автномна управа ќе има итна потреба од одредено искуство. Исто така ќе имаат потреба од квалификувани и искусни раководители како од апсект на управувањето со политичкиот систем, така и од аспект на јавните финансии, локалната самоуправа, централистичка бирократија, универзитетско образование, правосудниот систем. За да не дојде до трошење на 500 годишната борба зa слобода на муслиманите во Моро како последица на погрешното раководење и неквалификуваните раководители, голем товар паѓа на доброволците од светот за Моро.

Универзитетите покрај тоа што можеби не ќе можат да одговорат на потребната едукација и обука на населението во полето на здравството и автономното управување, а во сферата на правото, јавната администрација, локалното управување на факултетско ниво, отворањето високи школи ќе даде голем придонес во привременото решавање на актуелните проблеми и прашања со кои ќе се соочат на почетокот.

Вредноста на придонесот на Турција кон глобалниот мир: За следење и раководење на мировните преговори во Моро, е формирана меѓународна комисија во чиј состав се наоѓа и Турција. Освен оваа комисија е формирана и мониторинг комисија составена од пет членови, меѓу кои на барање на муслиманите од Моро се наоѓа и една невладина организација од Турција. Во името на турската Фондација за хуманитарна помош (ИХХ) во комисијата се наоѓа Хусејин Оруч кој активно ги следи мировните преговори и процесот.

Туција е земја која благодарение на богатата историја, искуство и глобален респект, може да даде најголем придонес во воспоставувањето на глобалниот мир и спокојство. Овој придонес може да се даде и пружи и преку невладините организации и универзитетската соработка, а не само со посредство на државата, исто како и во примерот со Филипините.

Мошне е значаен степенот на 500 годишната борба за слобода на муслиманите во Моро. По откажувањето на жителите на Моро и Филипините од судирите, сите заедно треба да дадеме придонес во мирот и спокојството за муслиманите во Моро и Филипините кои ги донесоа резултатите од референдумот, како и подобра и посветла иднина на децата на Моро.

Тоа беше коментарот на проф. Д-р Кудрет Буљбуљ, декан на факултетот за политички науки при унивезитетот Јилдирим Бејазит во Анкара посветен на случувањата во Моро.



Слични вести