Дали доаѓа крајот на вредностите? - 2

Автор на програмата е проф. д-р Кудрет Буљбуљ, декан на Факултетот за политички науки при универзитетот Јилдирим Бејазит

Дали доаѓа крајот на вредностите? - 2

Минатата недела говоревме за ерозијата на вредностите, како и постепено исчезнување на поимите принципиелност, доблест, споделување, правда. Во тој контекст рековме дека овој период ќе биде поволно да го наречеме крај на вредностите. Исто така напоменавме дека ќе биде доволно да погледнете од птичја перспектива за да согледате за тоа на каква ерозија на вредностите сме изложени потенцирајќи на неповолните случувања во ОН и ЕУ.

Да продолжиме од таму каде што застанавме, велу авторот на програмата проф. д-р Кудрет Буљбуљ, декан на Факултетот за политички науки при универзитетот Јилдирим Бејазит:

САД

До неодамна, САД важеше за земја на соништата, поради што и се спомнуваше како Американски сон. Американскиот начин на живеење беше мода скоро во сите земји. Ако денес се спроведе една анкета во врска со тоа, можеме да кажеме дека перцепцијата за САД во светот се наоѓа на дното.

Денес на американската граница се наоѓаат над 6 илјади латиноамерикански  бегалци кои чекаат со месеци. Додека Турција, Либан, Јордан и другите земји во регионот за само една ноќ примија неколку пати поголем број бегалци, најразвиената и прва земја на светот за жал е земја која на своите граници ги остава да чекаат бегалците. Згора на тоа, најбогатата земја на светот, не може да изнајде решение на проблемот со бегалците освен да изгради безбедносен ѕид сличен на Берлинскиот ѕид кој беше урнат во Европа, па дури ја тера армијата против бегалците. Трошоците кои ќе се потрошат за изградба на безбедносниот ѕид ако се потрошат за решавање на проблемот со бегалците, можеби ќе бидат поевтини.

Актуелната американска влада, наместо без да почувствува некоја загриженост за својот легитимитет, освен сопствените интереси како што се „Најпрвин Америка“, „Повторно да изградиме силна Америка“, можат да го изнесат дури ставот дека ќе се повлечат од сите меѓународни договори. Одлуката на САД за повлекување од Парискиот договор за климатски промени и Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) со голема загриженост се следи од страна на целиот свет.

Изјавата на претседателот Доналд Трамп на последната седница на генералното заседание на ОН дека се против „идеологијата за  глобализација“ беше израз кој до пред неколку години можеше да се употреби од страна на лидерот на некоја 3-та земја или идеолог. Никој не можеше ниту да сонува дека ќе дојде ден претседателот на САД да каже такво нешто.

Денес состојбата на Запад, вклучувајќи ги и САД, кои навидум изгледаат дека се поборници за демократијата, човековите права и слободи, а кога се работи за нивните интереси, односно кога истите овие мислења и се косат со нивните интереси, не се разликува од историјата на западната цивилизација која различно ги толкува дури стиховите на Библијата.



Слични вести