Дали доаѓа крајот на вредностите?

Kоментар на проф. д-р Кудрет Буљбуљ, декан на факултетот за политички науки при универзитетот Јилдирим Бејазит во Анкара

Дали доаѓа крајот на вредностите?

Дали Запад се откажува од процесот на глобализација од кој не можеше доволно да профитира? Дали се враќаме назад кон периодот на национална држава? Дали со модернизмот уште повеќе се распарчува семејството, вредностите кои се изложени на ерозија и човекот којшто живее сам? Дали истражувањата и активностите во сферата на вештачката интелигенција ќе го предизвикаат крајот на човештвото? Дали во иднина судирите ќе се пренесат во вселената? Што ќе се случи по глобализацијата? Каде еволуира светот и како ќе се нарече периодот во кој што живееме?

Во врска со денешната тема на денешното досие ви го пренесуваме коментарот на проф. д-р Кудрет Буљбуљ, декан на Факултетот за политички науки при универзитетот Јилдирим Бејазит во Анкара кој вели:

Повремено во општествените науки се развиваат теории во врска со тоа како еволуира светот. Врз база на овие теории се развиваат теории за подобро сфаќање на иднината. Овие теории секогаш не се формирани сами по себе. Исто така овие теории не треба да поседуваат посебна моќ на објаснување во сите полиња. Иако повеќето од нив се изложени на различни критики, овие теории се раѓаат како последица на одредена потреба поради што поседуваат моќ на објаснување на одредена појава.

Теориите покрај тоа што имаат одредена моќ на појаснување на појавите и случувањата, како последица на брзината што ја постигна човештвото, доста се намали рокот на употреба на истите. Случувањата во комуникациската и информатичка технологија, од корен ги променија човечката психологија и перцепцијата за времето.

За да можеме подобро да го разбереме она што сакаме да го кажеме, мислам дека ќе биде доволно да се потсетиме на теориите кои беа изнесени во последните педесет години со голем ентузијазам и за кои се веруваше дека изгледаат многу убедливи, а кои во суштина се потрошија за многу брзо време.

Во 1950-та година кога од страна на Даниел Бефо беше прогласен „Крајот на идеологијата“, неговата теза предизвика широк оддек. Одреден период подоцна Паул Вирило го прогласи „Крајот на географијата“. Во 1992-та година кога Франсис Фукујама го прогласи „Крајот на историјата“, оваа теорија наиде на многу пошироко интересирање од Даниел Бел. Поаѓајќи од судирите меѓу цивилизациите и крајностите, Хантигтон во 1993-та година ја изнесе тезата „Судири на цивилизациите“ која денес многу помалку се дискутира. Последната теза која беше изнесена истовремено како најбрзо да беше заборавена. Денес никој и не говори за тезата „Крајот на националната држава“ која во 1996-та година беше изнесена од страна на Кеничи Охмае.

Денес ниту мега наративите на минатото, ниту големите идеологии не можат да ги привлечат широките маси. Одбраната на татковината за која се гинеше како и обидите и иницијативите за окупација се препуштаат на приватните безбедносни компании. Исто така ниту горенаведените тези кои алудираат на крај не привлекуваат интересирање и внимание.

Денес се водат дискусии за тоа како ќе се нарече периодот во кој живееме. Прашањата кои што ги изнесов на почетокот на денешната емисија, во суштина претставуваат рамка на дискусиите во врска со именувањето на новиот период којшто човештвото се обидува да го сфати и дефинира.

Активностите за именување на новиот период врз база на идејна или принципиелна основа не делуваат многу оптимистички. Ќе биде подобро доколку за периодот во кој живееме и подоцнежниот, и покрај тоа што може и да го подржиме, погрешно го оцениме и можат да се објаснат со повредни теории. По се изгледа дека еволуираме кон еден нов период во кој завршуваат духовноста и принципиелноста. Внимавајте, не велам ера. Бидејќи ниту една промена веќе не трае толку долго.

Влегуваме во еден нов период кога се намалуваат вредностите, се забораваат поимите како што се принципиелност, доблест, споделување, правда, односно истите застаруваат. Ако новиот период треба да се именува според одредени епитети од типот „крај“ тогаш мислам дека најповолното име за овој нов период би требало да гласи „крај на вредностите“. По се изгледа дека земјите, државите, институциите за да можат да се прикажат како легитимни, се помалку вложуваат напори тоа да го сторат на праведна основа. За да согледаме на  колку голема ерозија е изложен светот, доволно ќе биде на случувањата на погледнеме од птичја перспектива.

По се изгледа дека Обединетите нации кои зазедоа местото на Лигата на народите по Втората светска војна, го изгуби своето значење и времетраење. Неможноста да интервенира во проблематичните и кризни жаришта како што се Сирија, Мијанмар, Крим, Украина, како и незагриженоста на петте постојани земји членки на ОН кои освен сопствените интереси не гледаат ништо друго, се само основните причини поради кои сериозно се намали легитимноста на ОН кај човештвото.

Според податоците на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), околу 70 милиони бегалци и мигранти се обидуваат да најдат место за засолнување и да опстанат. Оваа бројка е највисоката стапка по Втората светска војна. Дали досега имате слушнато за некоја активност на ОН во врска со тоа? Или некој повик или акционен план од ОН за спречување на сите оние кои предизвикаа штета и помош на настраданите?

Секако дека може да се критикуваат луѓето, земјите, институциите, но најлошо во сето тоа е кога ќе исчезне надежта од истите.



Слични вести