На денешен ден 22.01.2019

На 22 јануари 1517 година Османлиската војска под команда на султанот Селим Први во Битката кај Риданије ја победија војската на Мемлуците

На денешен ден 22.01.2019

На 22 јануари 1517 година Османлиската војска под команда на султанот Селим Први во Битката кај Риданије ја победи војската на Мемлуците. Со оваа победа беше урната државата на Мемлуците, додека териториите на оваа држава потпаднаа под хегемонија на Османлиите. На тој начин државата на Мемлуците исчезна од историската сцена и Османлиската држава воспостави хегемонија над Египет и Калифатот премина во рацете на Османлиите. Светите аманети во Египет беа донесени во Истанбул. Османлиската држава стана најсилна држава на Европа.

На 22 јануари 1905 година започна Првата руска револуција. По огнот што го отворија војниците на единиците на царот врз работниците кои дојдоа пред дворецот Кремљ да поднесат молби, а во кој настан загинаа над 500 работници, избувна општ бунт. Овој ден во историјата беше забележан како „крвава недела“. Овој настан се прифаќа за една од основите на Советската револуција. По овој настан целиот процес беше наречен Револуцијата во 1905.

На 22 јануари 1939 година група научници на Колумбискиот универзитет успеа да го распарча атомот на ураниум.

На 22 јануари 1989 година првпат во историјата на Советскиот Сојуз се одржа Меѓународен натпревар за избор на најубавата девојка. Турчинката Мелтем Хакарар беше избрана за најубава девојка - Мис на светот.



Слични вести