На денешен ден 18.01.2019

1778 година британскиот истражувач Џејмс Кук беше првиот Европеец кој пристигна на бреговите на Хавајските острови

На денешен ден 18.01.2019

На денешен ден 1778 година британскиот истражувач Џејмс Кук беше првиот Европеец кој пристигна на бреговите на Хавајските острови. Една од најзначајните карактеристики на истражувањата на Кук кој во 1768 беше задолжен да го истражува Тихиот Океан е фактот дека местаta кои што ги откри, станаа колонии на Европа. Кук излезе на три големи истражувачки патувања. Во 1779 година загина во еден судир со локалното население на Хаваи

1886 година „Шукуфезар“ односно Цветна градина. Тоа е првото женско списание за муслиманските жени кое беше издадено од страна на госпоѓа Арифе, ќерката на министерот за образование Муниф паша. Уште во тие години, освен класичните обврски на жените, тогашните османлиски просветни интелектуалци се залагаа жените да читаат, да се образуваат и да го заземат свето активно место во општеството. Тоа беше списание чии писатели беа жени. Токму ова списание беше објавено на 18 јануари, ден кога започна борбата против дотогашното сфаќање дека жените не се доволно паметни. Списанието „Шукурфезар“ во текот на целиот период на објавување  ги бранеше правата на жените и мажите.

На 18 јануари 1919 година, започна Париската конференција на која претставниците на Сојузничките земји на земјите кои што беа поразени во Првата светска војна им понудија да потпишат договори. Додека на конференцијата повторно се обликуваше картата на Европа, османлиските градови Урфа, Антеп и Мараш беа да дени на Французите. Меѓудругото на конференцијата беше усвоена одлука за окупација на западна Анадолија од страна на Грција. На конференцијата учествуваа и претставници на САД, Франција, Британија, Италија и Унгарија.



Слични вести