На денешен ден 16.01.2019

12-от султан на Османлиската империја Мурат Трети почина на 16-ти јануари 1595 година

На денешен ден 16.01.2019

12-от султан на Османлиската империја Мурат Трети кој доживеа парализа во Истанбул, почина на 16-ти јануари 1595 година. По смртта на татко му Селим Втори, Мурат Трети во 1574 година седна на престолот и во рамките на 21 годишното владеење, Османлиската империја го постигна најголемото територијално проширување. Османлиската империја во периодот на Мурат Трети се простираше на површина од околу 20 милиони метри  квадратни.

Џозеф Луис Гај Лукас, француски физичар и хемичар. Во рамките на истражувањето на атмосферата, активностите за мерење на влажноста на воздухот на различни височини, на 16-ти јануари 1804 година  во еден хидрогенски балон се искачи на височина од 7 км и изврши низа мерења. Рекордот на Гај Лукас не беше соборен околу 50 години.

Во 1923 година, веднаш по прогласувањето на Републиката, Турција почна со активности за модернизација на општеството во сите сфери со цел да се искачи на нивото на современите земји. Едно од тие полиња беше и музиката. Еден од најзначајните композитори на тој период Џемал Решит Реј на 16-ти јануари 1928 година првпат ја изведе композицијата „12 Анадолски песни“.

1952 година на новинарот и публицист Ерџумент Екрем Талу, синот на познатиот османлиски писател Реџаизаде Махмут Екрем му беше доделен францускиот орден „Légion d'honneur“. Писателот Талу наградата ја доби за придонесот во унапредувањето и развојот на турско-француските односи.



Слични вести