На денешен ден 10.01.2019

На 10-ти јануари 1792-та година, по петгодишната војна меѓу Османлиската Империја и Русија беше потпишан Договорот од Јаши

На денешен ден 10.01.2019

Денес е 10-ти јануари 2019.

На 10-ти јануари 1792-та година, по петгодишната војна меѓу Османлиската Империја и Русија беше потпишан Договорот од Јаши. Со потпишувањето на договорот де факто и официјално заврши војната меѓу Османлиската Империја и Русија која започна во 1787 година.

Во 1990-та година, светскиот шампион турскиот пеливан Кара Ахмет на првото светско првенство во борење што се одржа во чест на 20-от век во Парис, ја освои титулата „Шампион на шампионите“.

Во 1920-та година беа формирани Лигата на народите. САД не се приклучи кон Лигата.

На 10-ти јануари 1944 година турскиот патнички авион кој беше произведен во фабриката на Нури Демираг во населбата Јешилќој го оствари првиот лет.

Во 1863-та година беше пуштено во употреба првото метро на светот во Лондон, Метрополитан.

По шпанско-американската војна, Куба на 10-ти јануари 1898-та година се одвои од Шпанија и се стекна со независноста.

На 10-ти јануари 1983 година заврши воениот режим во Аргентина.



Слични вести