Дали знаете 02/2019

Турција од аспект на геоморфолошките процеси и формите формирани од нивна страна, претставува вистински мозаик и располага со површински форми од секој вид и од секоја возраст

Дали знаете 02/2019

Дали знаете дека геолошката градба на Турција била формирана на крајот на еволуција која што тарела приближно 600 милиони години.?

Турција од аспект на геоморфолошките процеси и формите формирани од нивна страна, претставува вистински мозаик. Располага со површински форми од секој вид и од секоја возраст. Таа е земја со висока надморска височина и ридско-планинска земја. Нејзиниот северен и јужен дел се обиколени со високи планини кои што во основа се протегаат паралелно со крајбрежјата, зацртувајќи притоа лакови. На север, Северно Анадолските планини, а на југ планините Торос, го определуваат височинскиот карактер на Турција.

Највисоката точка на Северно Анадолските планини е врвот Качкар. Потоа следат планините Илгаз и Ќороглу.

Во Турција освен планини има и голем број низини, платоа и долини. Верижните планини на север и на југ се одделени една од друга од страна на широки низини во централните делови на Анадолија.



Слични вести