На денешен ден 07.01.2019

Во 1946 година во САД беше пуштен во употреба првиот успешен брз електронски компјутер Ениак

На денешен ден 07.01.2019

Во 1610 година италијанскиот астроном Галилео Галилеј ги откри трите сателити на Јупитер. Сателитите ги нарече според имињата од митологијата Ио, Европа и Ганимед.

На 7 јануари 1789 година беа одржани првите претседателски избори во САД. Гласачите ги избраа делегатите, додека делегатите во избраа првиот претседател Џорџ Вашингтон.

Во 1927 година беше остварен првиот трансатлантски телефонски разговор меѓу Њујорк и Лондон.

На 7 јануари 1946 година беше формирана Демократската партија во Турција. Џелал Бајар кој се одвои од Републиканската народна партија (ЏХП), Аднан Мендерес, Фуад Ќопрулу и Рефик Коралтан поднесоа барање за формирање на Демократската партија.

Во 1946 година во САД беше пуштен во употреба првиот успешен брз електронски компјутер Ениак кој претставуваше значаен чекор на патот за електронски-дигитални компјутери и се употребуваше до 1955 година.

1953 година американскиот претседател Хари Труман изјави дека неговата земја развиле хидрогенска бомба.



Слични вести