Националните проекти за безбедност и одбрана 13-2018

Одбранбената индустрија во извршните програми

1.jpg
t625-idef.jpg
atak.jpg
Altay Tankı Seri Üretimi.jpg
yapay zeka.jpg
bayraktar tb2.jpg

На 24 јуни 2018 година во Турција се одржаа и парламентарни и претседателски избори. Претходно на одржаниот референдум за уставни измени на 16 април 2017 година пак, беше прифатен новиот „претседателски систем на власта". Новиот систем на управување донесе промени во државата во безброј сфери. Некои министерства без споени, некои институции беа внесени во склопот на претседателскиот кабинет, а некои институции беа затворени. Во тие рамки името на потсекретаријатот за одбранбена индустрија беше сменето во Управа за одбранбена индустрија и беше директно и внесена во склопот на претседателскиот кабинет. Во меѓувреме, во новиот систем пртеседателскиот кабинет со „100 дневните извршни програми“ почна да ги прогласува (соопштува) целите на министерствата и институциите. На 3 август 2018 година беше објавена „Првата 100 дневна извршна програма“ и беа поставени за цел 400 акцинони планови. Во значајна мера беа реализирани акционите планови кои што беа поставени како цели во Првата 100 дневна програма.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на директорот за едукација на Синдикатот Турк Харб-Иш Таркан Зенгин...

Целите во врска со одбранбениот сектор се водат од страна на Управата за одбранбена индустрија. Меѓу 400 акциони планови кои се внесени во Првата извршна програма, одбранбената индустрија со 48 цели беше на прво место. Во "Втората 100 дневна извршна програма" која што беше соопштена на 13 декември се наоѓаат 454 акциони планови во износ од 24 милијарди турски лири. Исто како и во првата извршна програма, и во втората извршна програма акционите планови во одбранбената индустрија со 52 цели се наоѓаат на прво место. На состанокот на презентација на извршната програма претседателот Реџеп Тајјип Ердоган им приреди изненадување на учесниците во однос на домашниот хеликоптер. На сцената го претстави хеликоптерот за општа намена Т625, произведен со домашни и национални можности. Претседателот Ердоган рече: "Ви го приредуваме нашето изненадување, ја креваме завесата. Да видиме што ќе се појави зад завесата. Нашиот домашен хеликоптер Ѓокбеј. Може да прими 14 лица. Иншаллах (со Аллахова помош) ќе стане господин "беј" на небото (Ѓокбеј во превод значи господар на небото). Во 2021 година ќе се започне со сериско производство."

За 100 дена 52 акциони планови за одбрана

Постојат 52 акции-работи за кои што се цели да се реализираат под водство на Управата за одбранбена индустрија во претседателскиот кабинет и во кусо време од 100 дена. Дури и само да би биле напишани едни испод други ќе ги надмине границите на овој текст. Затоа да ги изнесеме најзначајните меѓу акциите.

Хеликоптерот Атак Т129 беше развиен во правец на националните можности и способности, со целата намирање на потребата на Турските вооружени сили (ТВС) од офанзивен хеликоптер. Тоа е најефикасниот офанзивен хеликоптер во својата класа во светот. Договорот за продажба на 30 хеликоптери од нашиот национален хеликоптер беше потпишан во јули 2018 година. Минатата година беа започнати проекти за производство на национален мотор на овие наши национални хеликоптери. Во тие рамки во 100 дневната извршна програма се наоѓа "потпишувањето на договорот на развиениот проект Атак", "предавањето на два хеликоптери во склопот на Проектот за офанзивен и тактичко извидувачки хеликоптер Атак" и "определувањето на подсистемските конфигурации и изведувачи компресор, комора за согорување, генератор за гас, турбина за моќност на Турбошафт моторот развиен за хеликоптерите Атак и оригиналните хеликоптери.

Цели во врска со оклопните возила и тенковите

Управата за одбранбена индустрија во блиско време фрли значаен чекор во однос на произодството на национален тенк кој што ќе одговори на денешните потреби. На 9 ноември 2018 година беше потпишан договор за сериско производство на тенкот Алтај. Согласно договорот беше одлучено да се формира линија на сериско производство и да се произведат 250 тенкови Алтај. Се има за цел првиот тенк да им се предаде на Копнените сили по 18 месеци. Во тие рамки во 100 дневната извршна програма „во склопот на Проектот за сериско производство на Алтај беше внесено потпишувањето на критичните подсистеми вклучувајќи ја и групата за моќност“. Освен тоа во програмата се предвидува „Заедно со модернизацијата на 7 тенкови во склопот на проектот Фират-М60Т бројот на тенковите М60ТМ да се зголеми на 146“, „Во склопот на Проектот на Групата за национална моќ Утку кој што е развиен за употреба кај оклопните возила да се реализира-заврши концептуалниот дизајн за трансмисија (кутијата со заби и органите за пренос)“, „Да се потпише договорот за Проектот за оклопни возила со специјални намени со тактички тркала (ОМТТЗА)“ и „Во склопот на Проектите за оклопни возила да се предадат вкупно 255 возила од разичен вид-тип“. Тоа што ќе бидат предадени голем број оклопни возила со специјални намени со тактички тркала кои што расолагаат со значајни влијанија во борбата против тероризмот ќе ја зголеми  и ефикасноста на безбедносните сили.

Беспилотни летала (ИХА), беспилотни копнени возила и вештачка интелгинеција

Во Турција како една од шесте земји во светот кои произведуваат беспилотни летала (ИХА) во рамките на 100 дневната извршна програма  се има за цел да се реализира предавањето на 5 дополнителни тактички беспилотни летала ИХА (Бајрактар ТБ-2) и две дополнителни Оперативни беспилотни летала ИХА (АНКА-С). Кога ќе погледнеме кон целите кои што се наоѓаат во извршната програма се гледа до каква и колку значајна точка сме дојдени во технологијата на одбранбената индустрија. Некои цели пак во втората 100 дневна извршна програма кои што изискуваат напредна технлогија се следните:  

- Потпишување на договорот за предавање на 125 блокирале на системи на беспилотни летала ИХА Дрон/Мини од тип на пушка и за Проектот за набавка на систем на блокирање од видот ЕГМ грб, возило и ташна. 

- Потпишување на договорот за Проектот за утврдување и доведување во безопасна состојба на експлозивните уреди од рачна изработка со електронско коло со кој што ќе се овозможи утврдување и уништување на експлозивните уреди од рачна изработка со микробранова технологија со висока моќност.

- Започнување со предавање на Проектите на беспилотни копнени восила започнати во лесна/средна класа со продолжување на периодите на дизајн и теренско тестирање.

- Распишување тендер за проектот за беспилотни копнени возила започнат во тешка класа, извршување на тест на презентација со цел проценка на корисниците во правец на постоечките можности и способности.

- Евалуација (стручна проценка) на апликацијата 117 САГА во склопот на развојот на вештачката интелигенција и роботизираните технологии и потпишување на договорите.

- Започнување на Проектот за развивање и прикажување на технологијата на ескадрила (група) на беспилотни летала ИХА.

Турција веќе е дојдена во положба и состојба да може да ги произведува со свои сопствени национални можности одбранбените производи кои што можат да ги произведуваат многу развиени земји. Целите во одбранбената индустрија се наоѓаат на прво место по нивниот број во извршните програми. И тоа што на состанокот на претставување на извршната програма националниот хеликоптер беше прикажан од страна на претседателот на државата го покажува значењето кое што му ја дава на одбранбената индустрија. Турција продолжува да постигнува значаен развој и напредок во одбранбената индустрија против регионалните и глобалните ризици.

Тоа беше коментарот на директорот за едукација на Синдикатот Турк Харб-Иш Таркан Зенгин...



Слични вести