Актуелно 48/2018

Процесот на Брегзит

Актуелно 48/2018

Граѓаните на Велика Британија својата одлука за напуштање (Брегзит) на Европската унија (ЕУ) ја донесе на одржаниот референдум во Јуни 2016 година. По одлуката за напуштање на ЕУ, британската влада водеше преговори со Европската унија (ЕУ) и останатите 27 земји членки. На крајот на процесот во кој поднесоа оставки неколку британски министри, меѓу Велика Британија и Европската унија (ЕУ) беше постигнат договор за разделба составен од 600 страници.  Текстот на договорот прифатен на 25 ноември од страните, на 11 декември треба да биде одобрен од страна на британскиот Парламент. Меѓутоа голем број пратеници во британскиот Парламент изјавија дека не го прифаќаат договорот и дека нема да гласаат во негова полза. На тој начин западна во опасност можноста од обезбедување на мнозинство за одобрение на договорот.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Доколку до датумот на излез на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) договорот не биде потпишан меѓу страните и одобрен од страна на Парламентот, Велика Британија ќе реализира остар излез од ЕУ. За спречување на оваа состојба беше фрлен значаен чекор со текстот на договорот склучен меѓу британската влада на чело со Тереза Меј и Европската унија (ЕУ). И покрај тоа што земјите членки на Европската унија (ЕУ) велат дека жалат поради излезот на Велика Британија, тие го изразуваат и спокојството од постигнатиот договор. За да се спречат излезот и на другите земји по напуштањето на Унијата од страна на Велика Британија, се гледа дека се покажува внимателност Велика Британија во значителна мера да биде изоставена од предностите кои што ги обезбедува Европската унија (ЕУ).

Земја меѓу членките на Европската унија (ЕУ) која долго време се спротивстави на договорот за Брегзит беше Шпанија. Позицијата на регионот на Гибралтар на југот на Шпанија доведе до закана на шпанската влада со вето. Гибралтар и покрај тоа што уште од 1713 година и припаѓа на Велика Британија, шпанската влада продолжува да гаи  претензии над Гибралтар. Меѓу членовите на договорот за Брегзит, утврдувањето на пограничните премини ќе влијаат на Шпанија во точката на Гибралтар. Поради тоа, шпанската влада своите приговори ги изнесе кон претставниците на Европската унија (ЕУ) и откако ги доби посакуваните гаранции за Гибралтар, таа се откажа да го употреби своето право на вето.

Една друга граница која што ќе се појави на континенталниот дел со излезот на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) пак, е границата помеѓу Република Ирска и Северна Ирска. Страните кои не сакаат строга граница помеѓу двете области одлучија до 2020 година да применуваат период на транзиција и да изнајдат специјално решение за Република Ирска. Во тој контекст, Велика Британија во периодот на премин т.ј. транзиција ќе учествува во Царинската унија на ЕУ, меѓутоа нема да располага со право на збор внатре во Европската унија (ЕУ).

И покрај тоа што договорот за Брегзит меѓу Велика Британија и ЕУ располага со потенцијал да западне во една голема евентуална пречка како што е Парламентот на Велика Британија, во општа смисла тоа претставува новина од неколку аспекти. Договорот за Брегзит чиј сличен пример и не постои би можел да претставува пример не само за Велика Британија и ЕУ, туку истовремено и за други земји кои не се членки или не можат да се приклучат кон Европската унија (ЕУ). Во тој контекст, доколку дојде до блокирање на преговорите за членство во Европската унија (ЕУ) на Турција и балканските земји, постигнатиот договор меѓу Велика Британија и Европската унија (ЕУ) би можел да претставува пример и со тоа да се формира едно поразлично партнерство.

Од друга страна пак, излезот на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) ќе влијание и од низа геостратегиски аспекти. Европската унија (ЕУ) која ќе изгуби една значајна земја членка како што е Велика Британија во споредба со минатото ќе ослабне пред борбата за доминација што ја води Русија во источна Европа и против Унијата. Освен тоа, одделувањето од Европската унија (ЕУ) на една земја која располага со најсилна армија во Европа, како што е Велика Британија и тоа во период кога се дискутира за идејата за формирање на Европска армија ќе ги зголеми и грижите и сомневањата во однос на оваа идеја. Од друга страна, заедно со одделувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) би можело да стане збор за промена на рамнотежите на сили и сојузите во Европа. Освен тоа Европската унија (ЕУ) додека од една страна беше сосед т.ј. граничеше со Русија, Африка и Турција, со излезот на Велика Британија ќе се стекне со нов сосед на север.                

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести