Проектот Турски тек

Актуелно 47/2018

Проектот Турски тек

Во изминативе денови со учество на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин се одржа церемонија по повод завршувањето на изградбата на делот од гасоводот Турски тек, кој што поминува под морето. Лидерите на двете земји на одржаната церемонија во Истанбул ставија акцент на соработката која се развива помеѓу двете земји. Проектот Турски тек се оценува како значаен чекор  во правец на плановите Турција да стане енергетски центар. Впрочем, Турција освен со ТАНАП преку кој се планира азербејџанскиот природен гас да се испорачува во Турција и во иднина во Европа, како и со цевоводот Џејхан преку кој ирачката нафта се испорачува во светот, воедно со чекорите кои што ги фрла во контекст на енергетските политики постепено ја зацврстува својата позиција и со сето тоа ја разноликува својата сопствена потреба од енергија.

SETA  Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Проектот Турски тек кој што во декември 2014 година беше предложен од страна на рускиот претседател Владимир Путин започнува од градот Анапа во Русија, поминува преку Црното Море во должина од 930 километри и достигнува до Кијиќој во западниот дел на Истанбул. Турски тек чие име е дадено од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, е со вкупна должина од 1.100 километри. Гасоводниот проект Турски тек се состои од две одделни и паралелни линии т.ј. траси. Првата линија со нејзиниот капацитет од 15,75 милијарди кубни метри природен гас годишно се очекува да ги задоволи потребите на Турција од енергија. Втората линија пак во наредната фаза се планира да се протега кон Европа. На тој начин се планира преку Турски тек да се испорачуваат вкупно 31,5 милијарди кубни метри природен гас.

Воедно и портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека некои земји наведоа дека размислуваат да се приклучат кон Турски тек и напомена дека гасоводот би можел да се протега кон 5 различни европски земји преку 5 различни крака. На пример, српскиот министер за енергија Антиќ изјави дека доколку Турски тек се протега до Србија ќе ја обезбедува енергетската безбедност на Европа. Антиќ рече: „Можноста 10-15 милијарди кубни метри руски природен гас преку Турција да стигнат до Бугарија, Србија, Унгарија и Авсрија претставува сериозна шанса од аспект на обезбедувањето на енергетската безбедност. Проектот нуди можност за развивање на економијата која што се потпира на трговијата на природниот гас и гасот општо. Земјите за кои станува збор со приклучување кон Турски тек ќе обезбедат и значајна добивка од испораката, т.ј. поминувањето на природниот гас низ нивните територии..“ 

Од друга страна, не е познато по која маршрута ќе се транспортира гасот во Европа преку проектот Турски тек, после Турција. Во однос на тоа особено станува збор за конкуренција помеѓу Грција и Бугарија. Грчкиот премиер Алексис Ципрас истакна дека посакува Турски тек да поминува преку Грција и рече: „Работиме активно за поминување на Турски тек преку Грција.“ 

Додека Турски тек ја води Турција напред кон патот да стане енергетски центар, од друга страна овозможува и Русија да извозува природен гас директно во Балканските земји. Во изминатиот период односите помеѓу двете земји се развија во безброј сфери. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган привлекувајќи внимание на растечката економска соработка, истакна дека двете земји имат за цел да достигнат до трговски обем од 100 милијарди долари. Воедно и рускиот печат привлекувајќи внимание на интензивните средби помеѓу Путин и Ердоган нагласи дека односите помеѓу двете земји зајакнуваат.

И покрај тоа што односите помеѓу Турција и Русија зајакнуваат особено во енергетската политика, во билатералните односи помеѓу двете земји постојат и значајни проблеми. Анексијата на Крим од страна на Русија,  војната во Украина која што продолжува, применувањата на Русија кон кримските Татари и различните позиции во Сирија се појавуваат како прашања кои што треба да се решат во односите. И покрај тоа што со процесот од Астана и компромисот од Сочи двете земји се обидуваат да делуваат заеднички, координирано особено во Сирија, как и  разликите во некои основни приоди можат да создадат одредени проблеми.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести