Балканска агенда 47-2018

Улогата на граѓанските организации на Балканот на патот на членството во ЕУ и развојот

Балканска агенда 47-2018

Економските проблеми на Балканските земји починаа да се наоѓаат меѓу најтештите прашања за владите од регионот. Граѓаните на Балканските земји кои со националистички реторики  во врска со политичките  проблеми долги години се осудени да живеат во услови на низок просперитет, како да се подготвени да ја прекинат својата поддршка на секоја влада која не е успешна на економски план. Меѓутоа, владите во земјите речиси во целиот регион се обвинуваат со економски неуспеси. Креаторите на политиката во Балканските земји додека ги определуваат економските политики, се во тенденција на зафатеност со применувања кои што обезбедуваат краткорочно размислување и привремени решенија. Наместо тоа можеа да се добијат попозитивни резултати доколку беа определени политики кои ќе го забрзат економското подобрување и се цели кон проценти на висок раст во долг временски период, и во тие рамки доколу се оди кон соработка со Граѓанските организации. Граѓанските организации би можеле да достават значајни придонеси и во процесот на членство на земјите од Западен Балкан во Европската унија (ЕУ).

Во новиот приод кој што е развиен во однос на преговорите за членство во ЕУ, од посебно значење е да се напредува во 23-тото и 24-тото поглавје посветени на владеењето на правото. Тие се поглавја кои што најпрвин се отвораат и последни се затвораат во процесот на преговорите. Од друга страна, во новиот приод во врска со пристапните преговори со ЕУ му се придава посебно значење и на подобрувањето на економското управување. Според главната мисла во позадината на тоа, пред да се оствари членството во ЕУ една земја ќе биде спремна за членство и од економски аспект и нема да се смета за доволно само усогласувањето со соодветните закони. Како последно, и реформата во јавната управа  располага со централно место во новиот приод во врска со пристапните преговори со ЕУ. Според тоа, земјите кандидати за ЕУ нема да располагаат само со капацитет на преговори, истовремено ќе формираат инструмент на управување кој што располага со способност на применување на прашањата за кои што е постигната согласност. Инструментот на управување за кој што станува збор, тогаш кога еден ден земјата ќе стане членка на Европската унија (ЕУ) треба да биде во состојба да може да ги исполнува сите свои одговорности за членство.

Меѓутоа, зајакнувањето на инструментот на управување онака како што не може да се воспостави правната држава, не ќе може да ги земе под контрола и незаконитостите. За обезбедување на тоа,  треба да се располага со соодветно силно општествено барање кое ги поддржува реформите во таа сфера. Во создавањето на општественото барање кое што е во прашање пак, Граѓанските организации би можеле да одиграат значајна улога. Впрочем во литературата постои едногласност во мислата во однос на тоа дека Граѓанските организации помагаат во продолжувањето на демократијата.

Граѓанските организации во Балканските земји, особено тинк-тенк здруженијата т.ј. мисловните здруженија или организации, би можеле да обезбедат значајни придонеси за државата и во точката на економскиот развој. Пред се граѓанските организации би можеле да применуват голем број програми од мал обем кои што јавниот т.ј. оштествениот сектор е во тенденција да ги запоставува. Од друга страна граѓанските организации располагаат со експерти од различни сфери кои би можеле да помогнат по прашањата на развојот. Впрочем граѓанските организации се места каде што се акумулираат специјални-посебни знаења, технички експертства и способности за истражување. Со овие свои специфичности т.ј. карактеристики пак граѓанските организации би можеле да одиграт олеснителна, зајакнувачка и посреднувачка улога во прашањата за развој и тоа и во односите помеѓу локалните актери и во односите помеѓу локалните актери и националните установи.                    

Меѓутоа, граѓанските организации во Балканските земји во текот на 1990-тите години беа перцепцирани како установи кои што се наоѓаат под усмерувања на странците, антивладини и разузнавачки установи. Што се однесува до причините за тоа, загриженоста од комунистичкиот период во однос на тоа дека народот кој се собира околу граѓанските организации еден ден би можел да се крене на бунт, извесен период продолжи да преовладува и во периодот на премин кон демократија. Од друга страна, во 1990-тите години граѓанските организации беа предводници во човековите права, правата на малцинствата и одбраната на политичките права и повремено беа во затегнати односи со државата. Денеска пак, граѓанските организации на Балканот ги оценуваат т.ј. вреднуваат и критикуваат реформските поцеси на земјите. Меѓутоа владите дури и да би  биле избрани по демократски патишта, тие не сакаат да бидат подложени на критики. Поради сето тоа граѓанските организации на Балканот во голема мера се препуштени на самите себе си и се обидуваат да се одржат на нозе притоа останувајќи зависни од странските донации и се разбира на своите сопствени способности на создавање услови, можности и средства за опстојување.

Можно е да се слушнат различни критики кои што се изнесуваат кон граѓанските организации во Балканските земји. На пример, некои граѓански организации своите активости ги определуваат според лесниот пристап до финансиски извори, а не според потребите на општеството. Раководителите на некои граѓански организации пак, своите институции ги искористуваат како отскочна даска во политиката и речиси се во солидарност со одредени политички партии. Некои граѓански организации пак мислејќи дека нивните ставови мораат сигурно да се земат во предвид од страна на државата, ги преувеличуваат своите улоги. И покрај негативностите во оваа насока, соработката помеѓу државата и граѓанските организации би можела да  располага со критично значење во преговорите за членство во ЕУ и развојот и применувањето на стратегиите за економски развој. Затоа би требало да им се кројат трајни, а не привремени улоги на граѓанските организации во националните стратегии во врска со  членството во Европската унија (ЕУ) и економскиот развој. За да би можеле да се намалат зависностите на граѓанските организации од странските фондови пак, би требало да се олеснат можностите за пристап до фондовите на приватниот сектор. За остварување на сето тоа, државата би требало да ги развива т.ј. донесува законите кои што се однесуваат и на ослободувањето од данок и некои субвенции т.ј. поттикнувања кон приватниот сектор со кои што се регулираат односите помеѓу граѓанските организации и приватниот сектор. Така Балканските земји кои им придаваат значење во вистинска смисла на зборот на членството во Европската унија (ЕУ) и на економскиот развој со една ваква примена би можеле да фрлат потпис на уште поголем успех. 

 

Автор е д-р Ерхан Турбедар 

 



Слични вести