Националните проекти за безбедност и одбрана 11-2018

Значајни пробиви во одбранбената индустрија

Националните проекти за безбедност и одбрана 11-2018

Турција едно по друго фрла значајни потези на полето на одбранбената индустрија. Речиси секој месец гледаме како некои мошне значајни проекти резултираат со успех, поминуваат успешно тестирањата на некои одбранбени производи, и како се одржуваат церемонии на потпис на некои значајни проекти. Така и во првите 10 денови од месецот ноември во кој се наоѓаме бевме сведоци на голем број одбранбени проекти. На 1 ноември 2018 година со учество и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беа успешно реализирани тестирањето на системот на пруга на боева глава ТУБИТАК САГЕ т.ј. (ХАБРАС), тестирањето на ефикасноста на системот за разорување ПУЛАТ и тестирањето на проектот Зрак. Претседателот Ердоган на церемонијата на отворање на Инфаструктурата за развој на националните технологии каде што беа реализирани овие тестирања даде значајни радосни вести. На 4 ноември 2018 година ТЏГ Бургазада Ф-513, третиот од корветите од островска класа изградени во склопот на проектот МИЛГЕМ, им беше предаден на помрските сили. На 8 ноември 2018 година Управата за одбранбена инудстрија го потпиша рамковниот договор на програмата за развивање на оригинален мотор за националниот борбен авион како оригинален производ на нашата земја и со тоа го започна процесот за развивање на оригинален турбофан мотор за воен авион џет. На 9 ноември 2018 година пак, беше потпишан договорот за сериско производство на 250 броја од главниот борбен тенк Алтај од кои првиот ќе биде предаден по 18 месеци. Овие активности кои што се реализирани во кус временски период покажуваат до каде достигна перформансот на одбранбената индустрија на Турција.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на директорот за едукација на Синдикатот Турк Харб-Иш Таркан Зенгин...

ХАБРАС, ПУЛАТ, Проектот Зрак и СИПЕР

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше на церемонијата на отворање на Инфраструктурите за развој на националните технологии каде што освен тоа што стана сведок на успешното реализирање на низа тестирања даде и значајни изјави. Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа пригода рече: „Денеска овде се состанавме за тестирање на еден од друг позначајни т.ј. низа значајни инфраструктури за развој на националните технологии и индустриските проекти. Критичните дизајни, знаењата и високите цени кои што се плаќаат сакаме да останат внатре во земјата. Со ставање во функција на ХАБРАС нашата одбранбена индустрија ќе располага со својство со кое што располагаат само ограничен број земји. Едниот од производите изнесени од страна на оваа национална структура е системот за активна одбрана ПУЛАТ. Оваа технологија е од витално значење за нашите тенковски единици и нашите вооружени. Друг оригинален производ на нашата одбранбена индустрија и на нашите домашни технологии пак, е развиениот високо силен ласерски истем познат по името систем Зрак. Овој систем кој што при првите проби постигнува висок успех во наредниот перод ќе може да се употребува кај воздушните летала и бродовите. Претседателот Ердоган во својот говор ја даде радосната вест дека се започнати работите во врска со формирање на национален регионален воздушно-одбранбен систем од долг дострел. Го сопшти името на овој систем за кој што рече дека ќе се вика СИПЕР и информира дека првите тестирања ќе бидат реализирани на крајот на 2021 година.

Извршено првото заварување на новиот тип подморница Ајдинреис

Во склопот на проектот МИЛГЕМ првите домашни воен бродови на Турција беа изградени во Командата на бродоградилиштето на Истанбул, во државна сопственост т.ј. како јавно работно место. ТЏГ Бургазада Ф-513, третиот од овие бродови им беше предаден на поморските сили на 4 ноември 2018 година со церемонија на која учествуваше и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. Бродот долг 99,5 метри и широк 14,4 метри, е тежок 2.400 тони. Располага со брзина на пристигнување и дострел на патување со снабдување и без поддршка од гориво до 6.485 километри, а воедно располага со способност да може да остане 10 дена во море. Корветата Бургазада може да ги реализира задачите надводна борба, подводна одбранбена борба, воздушна одбранбена  борба, набљудување и извидување, командна контрола и асиметрична одбранбена борба.

Додека беше одржана церемонијата на предавање на бродот Бургазада, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го изврши и првото заварување на новиот тип подморница Ајднреис која што ќе биде изградена овде.

Новиот тип подморница Ајдинреис ќе располага со карактеристика да може да отплови прекуокеанот за Америка и да се врати назад без притоа да се појави потреба од полнење на гориво. Освен тоа со способноста на тивко-безгласно пловење се истакнува дека ќе обезбеди значаен придонес на борбената ефикасност на турските поморски сили. Доставени се информации дека подморницата ќе биде дола 68 метри, висока 13 метри и тешка 1.850 тони.

Програма за развивање на оригинален мотор за националниот борбен авион

Како што е познато продолжува проектот за производство на национален борбен авион со дизајн карактеристичен и оригинален за нашата земја каде што ќе бидат употребени во максимален степен призводите на домашната индустрија. Се работи на тоа со овој проект потребата на командата на воздушните сили од борбени авиони по 2030 година да се обезбедува со оригинален дизајн модел, внатре во земјата. Сега пак, на церемонијата на потпишување што се одржа во Управата за одбранбена индустрија за развивање на оригинален мотор за овој авион, на 8 ноември 2018 година е потпишан рамковниот договор на програмата за развивање на оригинален мотор на националниот борбен авион. Со постигнатиот рамковен договор беше започнат процесот на развивање на оригинален турбофан мотор за воен авион џет. Се има за цел моторот на националниот борбен авион да биде домашен и да му се развие целосно оригнален мотор. Крајна цел на проектот е оригналниот мотор да не биде подложен на разграничување на ниту една странска земја. Се цели кон развивање на моторот како национален и целосно да и припаѓа на Турција и од аспект на правата на интелектуална сопственост.

Сериско производство на тенкот Алтај

Долго време се водеа активности да се располага со современ (модерен) и национаен тенк кој што ќе одговори на денешните потреби на турските копнени сили. Управата за одбранбена индустрија на 9 ноември 2018 година го потпиша договорот за сериско производство на тенкот Алтај. Во рамките на договорот е донесена одлука да се формира лента на сериско производство и да се произведат 250 тенкови Алтај. Првиот тенк се има за цел да им се предаде на копнените сили по 18 месеци.

Во инфрмациите кои што се доставуваат во врска со тенкот Алтај неговите карактеристики се подредуваат вака:

- Алтај кој е квалификуван како прв домашен главен борбен тенк на Турција, со извонредната и одлична сила на оган и процентот на прецизност, и високата спосбност на движење ќе стане едното од најзначаните воени возила на Турските вооружени сили (ТВС).

- Кај тенкот ќе има модуларни композитни оклопи дизајнирани за одбрана на тенкот против секој вид закана и помошни системи кои што ќе овозможат да ги рализира своите задачи во средини каде што постојат хемиски, биолошки, радиоактивни и нуклеарни закани против неговиот персонал.

Тоа беше коментарот на директорот за едукација на Синдикатот Турк Харб-Иш Таркан Зенгин...

 



Слични вести