Националните проекти за безбедност и одбрана 08-2008

Технолошкиот фестивал во Истанбул

Националните проекти за безбедност и одбрана 08-2008

Турција во септември оствари значајна манифестација во одбранбената, вселенската, технолошката и воздухопловната сфера. Првата значајна манифестација се одржа од 20 до 23 септември 2018 година на 3-от аеродром во Истанбул насловена како „Текнофест Истанбул“. Втората значајна манифестација се одржа од 27 до 30 септември 2018 на аеродромот Ататурк во Истанбул и беше насловена „Истанбул еиршоу“. Аеродромот Ататурк на кој се одржа „Истанбул еиршоу“ наскоро ќе се затвори, додека 3-от аеродром на кој се одржа манифестацијата Текнофест Истанбул наскоро ќе се отвори. Одржувањето на овие две значајни манифестации со интервал од по една недела претставува само еден од показателите за тоа кое ниво го постигна Турција во сферата на воздухопловните и вселенските истражувања. Интересирањето на граѓаните и особено на младите кон манифестациите влеваат надеж за иднината.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на таркан Зенгин, директорот за образование при синдикатот Турк Харб-иш кој вели:

Фестивалот на воздухопловството, вселенските и технолошки достигнувања Текнофест Истанбул првпат се одржа во Турција. Фестивалот се одржа под покровителство на Градската заедница на Истанбул и Фондацијата Т3.

Претседателот на УО на Фондацијата Т3 Бајрактар во говорот на свеченото отворање на фестивалот рече:

„Денес е ден кога имаме можност да ја согледаме реалноста на остварувањето на едно семејство и сон. Денес е ден на визијата на националниот технолошки потфат, кога нашата визија ја споделуваме со десетици, сто илјадници млади и согледуваме дека не сме сами на патот на кој што излеговме.  Целта на формирањето на Фондацијата Т3 е во рамките на програмата за Национални технолошки стипендии и со поддршка на стипендии, во рамките на програмата за технолошки тимови, на универзитетските технолошки тимови да им се пружи поддршка во потребната опрема, инфраструктура, транспорт и технички консалтинг. Една од најзначајните цели на фондацијата е до 2023 година да се подржи технолошкиот тим 1001 и технолошката иницијатива 1001.

Текнофест натпревари

Учеството на фестивалот на кој беа изложени голем број возила и производи беше бесплатно. На фестивалот чија цел беше да се пробуди интересирањето на сите граѓани во земјава кон воздухопловството, вселената и технологијата беше остварено рекордно учество и тоа за само 4 дена. Имено за 4 дена колку што беше отворен, фестивалот го посетија над 550 илјади лица. Министерството за младина и спорт обезбеди учество на над 10илјади млади од 42 градови и општини. Во рамките се одржаа натпревари во 14 различни категории. Интересирањето на младите кон фестивалот беше многу големо. Во рамките на фестивалот се одржаа низа натпревари во различни категории за средношколци, гимназијалци и студенти и тоа Технолошки натпревари за доброто на човештвото, на ниво на гимназијалци и студенти и повозрасни Натпревар за беспилотно летало, Натпревар за подводни системи без луѓе, натпревар за беспилотни одводни системи, Натпревар за модел авион, натпревар за роботакси, натпревар за роботик фетих (освојување) 1453, натпревар за ракети, натпревар за вештачка интелигенција, Натпревар за копнено беспилотно возило поддржано од беспилотно летало, Натпревар за борбено беспилотно летало, натпревар за студенти и повозрасни за модел сателит, натпревар за јато беспилотни летала. На технолошките натпревари учествуваа над 750 екипи и околу 2000 натпреварувачи. Младите покажаа многу значаен успех на натпреварите. Голем беше успехот на младите што го покажаа на фестивалот чија цел беше Турција да се трансформира во земја која произведува технологија и остварување на желбата за постигнување на националниот технолошки потфат. Заинтересираноста на младите кон технологијата ќе има посредничка улога во појавувањето на младите лидери коишто ќе произведуваат технологија.

 



Слични вести