Актуелно 41/2018

Коментар на новинарот-истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА, посветен на парламентарните избори во Регионалната курдска управа на Ирак (РКУИ) и состојбата во северниот дел на Ирак и општо во оваа земја

Актуелно 41/2018

Над 3 милиони регистрирани бирачи од вкупно приближно 6 милиони жители во Регионалната курдска управа на Ирак (РКУИ) на 30 септември во недела гласаа на парламентарните избори. Како што беше соопштено излезеноста на парламентарните избори изнесуваше околу 57 отсто. Спротивно на тоа што изборниот процес помина во мирољубива атмосфера и во спокојство, тоа што во некои области имаше вооружени лица и сили Пешмерги стана причина за значајни дискусии. Патриотската унија на Курдистан (ПУК) и Демократската партија на Курдистан (ДПК) се обвинуваа меѓусебно за изборни малверзации, додека Движењето Горан и Движењето Зелена генерација особено ја обвинуваа Патриотската унија на Курдистан (ПУК) за малверзации. Покрај сите дадени изави изборите во Регионалнаа курдска управа на Ирак (РКУИ) во општа смисла поминаа успешно. Така и портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој во врска со тоа рече: „Чувствуваме задоволство од одржувањето во мирна атмосфера на парламентарните избори во Регионалната курдска управа на Ирак (РКУИ). Посакувам изборние резултати да бидат ајирлија од аспект на зачувувањето на единството и територијалниот интегритет на Ирак и воспоставувањето на стабилноста во земјата.“

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Според неофицијални резултати, Демократската партија на Курдистан (ДПК) освојувајќи 45 насто од гласовите постигна голем успех, додека Патриотската унија на Курдистан (ПУК) како губитник на изборите остана на 19 насто гасови. Движењето Горан освои 12 насто, Движењето Зелена генерација 8,3 насто, исламските партии  околу 7 насто и 5 насто, а Сојузот Сердем освои само 1 насто од гласовите.

Согласно овие соопштени неофицијални резултати  Демократската партија на Курдистан (ДПК) постигнувајќи голем успех и исклучувајќи ја од игра Патриотската унија на Курдистан (ПУК) се стекна со можност да може да формира влада со некоја од другите помали партии. Додека продолжуваше броењето на гласовите, во ирачкиот Парламент се бираше новиот претседател на Ирак.  Според ирачкиот устав претседателот на државата се се избира од Курдите, меѓутоа со тоа што Патриотската унија на Курдистан (ПУК) и Демократската партија на Курдистан (ДПК) не истакнаа заеднички кандидат,  дојде до конкуренција и криза помеѓу овие две најголеми курдски партии в Ирак.

Демократската партија на Курдистан (ДПК) за кандидат за нов ирачки претседател го истакна Фуад Хусеин, а Патриотската унија на Курдистан (ПУК) го кандидираше Бархам Салих. На вториот круг од гласањето во ирачкиот Парламент што се одржа тајно од вкупно 329 пратеници гласаа 272 пратеници. Притоа кандидатот на Патриотската унија на Курдистан (ПУК)  Бархам Салих освојувајќи 219 гласови беше избран за нов четврти по ред претседател на Ирак. Кандидатот на Демократската партија на Курдистан (ДПК) Фауд Хусеин доби само 22 гласа. Во првиот круг од гласањето ниту еден од 7-те кандидати не успеа да освои 220 гласа колку што беа потребни и изборот остана за вториот круг. Во првиот круг од гласањето Бархам Салих освои 165 гласа, Фуад Хусеин 89 гласа, а независната политичарка жена Сирве Абулвахид доби 18 гласа.

Тоа што на гласањето за претседател победи кадидатот на Патриотската унија на Курдистан (ПУК) Бархам Салих може да има свое влијание и во внатрешната политика на Регионалната курдска управа на Ирак (РКУИ). Впрочем, Демократската партија на Курдистан (ДПК) која на изборите кои што се одржаа на ист ден постигна голем успех во внатешната политика, би можела да следи посилна и остра политика против Патриотската унија на Курдистан (ПУК).

Резултатот од изборите во Регионалната курдска управа на Ирак (РКУИ) ќе влијае и на односите меѓу Турција и Регионалната курдска управа на Ирак (РКУИ) и борбата на Турција против тероризмот. Регионалната курдска управа на Ирак (РКУИ) која по одржаниот референдум за независност, со остриот одговор на ирачката централна влада ги изгуби своите стекнати придобивки како градот Киркук, посакува да ги поправи своите односи со Турција. Особено Демократската партија на Курдистан (ДПК) во сферата на економијата, сака повторно да ја заживее трговијата со Турција.  Тоа што Трција ги продолжува санкциите врз аеродромот во градот Сулејманије кој се наоѓа под контрола на Патриотската унија на Курдистан (ПУК) претставува значаен податок кој што го презентира приодот на Турција кон Патриотската унија на Курдистан (ПУК). Постигнатиот успех на Демократската партија на Курдистан (ДПК) на одржаните парламентарни избори би можело да се очекува да влијае во позитивна насока на односите меѓу Турција и Патриотската унија на Курдистан (ПУК).

Со воените операции кои што ги реализира Турција во северниот дел на Ирак, а во рамките на борбата против тероризмот се има за цел да се спречи префрлувањето на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Турција преку северниот дел на Ирак. Борбата што ја води Турција против терористичката ПКК на северот на Ирак со успехот што го постигна Демократската партија на Курдистан (ДПК) на парламентарните избори, би можела уште повеќе да зајакне. Впрочем, додека односите помеѓу Патриотската унија на Курдистан (ПУК) и Демократската партија на Курдистан (ДПК) релативно се подобри, односите помеѓу ПКК и Демократската партија на Курдистан (ДПК) се полоши. Така додека Турција ги зајакнува своите односи со Регионалната курдска управа на Ирак (РКУИ) истовремено би можела од Демократската партија на Курдистан (ДПК) да побара да преземе конкретни чекори против заканата на ПКК, за Турција.

Тоа што и покрај тоа што поминаа неколку месеци од одржаните парламентарни избори во Ирк се уште не може да се формира ирачката центална влада, создава значајни проблеми и за Ирак и за Турција. Така доколку изборните резултати во Регионалната курдска управа на Ирак (РКУИ) на брз начин резултираат со фомирање на влада, тоа се очекува да вроди позитивни резултати и за безбедноста на Регионалната курдска управа на Ирак (РКУИ), Ирак и Турција. Доколку биде формирана и ирачката централна влада пак, би можела да се води поефикасна борба со голем број проблеми во Ирак.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести