Можностите и тешкотиите во Идлиб по компромисот од Сочи

Согласно постигнатиот компромис помеѓу Турција и Русија беше одлучено да се формира демилитаризирана зона во длабочина од 15 до 20 километри во должина на фронтовата линија во Идлиб

Можностите и тешкотиите во Идлиб по компромисот од Сочи

Во однос на прашањето со Идлиб кое во последо време го запоседнува дневниот ред се водеа обиди да се реши и на самитот во Сочи каде што беше постигнат и компромис. Тоа пред нас се појавува како значаен праг. Беше од големо зачење да се заштити и одбрани од нападите на режимот порачјето на градот Идлиб каде што живеат некаде околу 3,5 милиони цивили. По наорите и цврстиот став на Турција е спречена евентуалната воена операција во Идлиб која што го загрижува целиот свет.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Согласно постигнатиот компромис помеѓу Турција и Русија беше одлучено да се формира демилитаризирана зона во длабочина од 15 до 20 километри во должина на фронтовата линија во Идлиб. Во тој контекст ќе биде повлечено тешкото оружје и од страна на опозиционерите и од страна на режимот и терористичките организации ќе бидат извадени од тоа подрачје.  Освен тоа автопатите од стратешко значење М4 и М5 кои што ги поврзуваат Латакија и главниот град Дамаск со Алепо повторно ќе бидат отворени за цивилна употреба. И покрај тоа што Турција и Русија потпишаа една значајна спогодба во Сочи, би можело да се појават одредени препреки пред Турција и Русија во имплементацијата на овој компромис на терен.    

Најголемиот проблем за деловите од кои што е одговорна Русија го сочинуваат шиитските милициски сили поддржани од Иран. Впрочем тоа што Иран го немаше во Сочи би можело да стане причина за создаање на иранската препрека на точката на имплементацијата на компромисот од Сочи.  И покрај тоа што Иран и Асадовиот режим официјално соопштија дека го поддржуваат компромисот во Сочи, познато е и тоа дека и Иран и Асадовиот режим се наоѓаат во така да се каже помаксималистички приод за Идлиб. Русија за да би го имплементирала компромис на терен треба да успее да ги убеди шиитските милициски сили поддржани од Иран.

Тоа што по комромисот во Сочи, во Идлиб повремено се отвора провоцирачки оган од областите на режимот кон областите под контрола на опозиционерите, како и тоа што сирискиот режим не ги повлекува своите натрупани војници и воената опрема на фронтовата линија во Идлиб, пред нас се појавуваат како први податоци кои што укажуваат на тоа дека Русија во одредена мера се соочува со тешкотии.

Од аспект на Турција пак, препрека пред имплементацијата на комромисот од Сочи на терен, е тоа дали актерите во регионот ќе делуваат во усогласеност со Турција. Фронтот за национално ослободување како најголема воена сила во подрачјето на Идлиб кој се поддржува и од страна на Турција со соопштението што го објави прогласи дека е подготвен да делува заедно со Турција за комромисот од Сочи, но истакна дека нема доверба во Русија, Иран и Асадовиот режим.

Евентуална препека од аспект на Турција пред имплементацијата на компромисот од Сочи се радикалните организации во подрачјето. Всушност радикалните организации во подрачјето на Идлиб би можеле да се оценат во две главни категории. Додека првата категорија самата ја сочинува организацијата Хејет Тахрир ел Шам, во втората категорија се наоѓаат другите помали и поголеми радикални групи. Хејет Тахрир ел Шам се очекува да продолжи да ја следи политиката во правец на придобивање на симпатијата на цивилното население во подрачјето на Идлиб. Хејет Тахрир ел Шам истовремено согласно своите сопствени идеолошки импликации се обидува да води урамнотежена политика помеѓу опозицијата и Турција. Впрочем, значајно е тоа што Хејет Тахрир ел Шам објави и соопштение во кое ја изнесува својата одлука во врска со компромисот од Сочи. За имплементација на компромисот од Сочи на терен Хејет Тахрир ел Шам би можел да се убеди да биде разоружан и без оруже да го напушти подрачјето на Идлиб.   

Меѓутоа структурите како Хурраш Ед Дин кои што се порадкални и чиј центар директно е поврзан со Ал Каеда отворено прогласија дека го отфрлаат компромист од Сочи. Во тој контекст, Турција би можела  да биде приморена заедно со групите кои делуваат со неја да ги фрли неопходните чекори против овие видови радикални организации или групи.

Турција која исчисти од терористичките елементи како ДЕАШ и ПКК/ЈПГ значаен дел од териториите на Сирија,  би можело да се предвиди дека во контекст на компромисот од Сочи и во правец и на своите сопствени национални интереси, во среднорочен и долгорочен период да го исчисти од терористичките елементи и подрачјето на Идлиб. Во оваа борба на Турција против тероризмот подрачјето на Идлиб би можело да дојде во состојба на нов простор за живот на сириските цивили во спокојство.

Тоа беше  коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести