Последната тврдина Идлиб

Актуелно 38/2018

Последната тврдина Идлиб

Асадовиот режим со поддршка и на Русија и Иран повторно зазеде т.ј. врати голем број подрачја во Сирија. Откако сириските вооружени опозиционери и цивилите беа евакуирани од подрачјата на градовите Хомс, Гута, Дера и од други области, Идлиб е дојден во положба на последна тврдина и на воените опозиционери и на цивилните опозиционери. Во подрачјето на градот Идлиб каде што пред војната живееја некаде околу 700 илјади лица, сега се вели дека живеат околу 3 милиони цивили. Идлиб е последното подрачје кое го продолжува своето постоење од четирите области за намалување на затегнатоста кои беа прогласени во рамките на процесот од Астана. Во контекст на процесот од Астана Турските вооружени сили (ТВС) во должина на фронтовата граница на подрачјето на градот Идлиб формираа 12 набљудувачки воени пунктови.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Воената операција врз Идлиб поддржана и од Русија и Иран долго време како го запоседнува дневниот ред. Во случај на реализација на евентуална воена операција во Идлиб се очекува да дојде до нов масовен бегалски бран. Познато е дека милиони цивили размислуваат да бегаат кон Турција и овде да се засолнат. Тоа што Турција е земја која загрижува најголем број бегалци во светот покажува дека Таа не може да поднесе нов евентуален бегалски бран. Додека рушењето и човечката криза што ќе ги создаде евентуалната воена операција на Идлиб го загрижува целиот свет, за спречување на евентуалната човечка криза на теренот и на масата на преден план се појавуваат само напорите кои што ги вложува Турција.

Во контекст на процесот од Астана последниот самит меѓу Иран, Русија и Турција се одржа во Техеран. Со емитување во живо на самитот во Техеран преку телевизијата без претходно знаење на руските и турските функционери, целиот свет го виде големиот напор што го покажа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за воспоставување на соодветен прекин на огнот и за спречување на човечката криза во подрачјето. Макар и тоа што поради приговорите на Русија и Иран не беше реализиран прекин на огнот на самитот во Техеран беше упатен повик за оставање на оружјето. Освен тоа по повод одлучниот став на Турција во најмала рака беше одложена реализацијата на евентуална воена операција на Идлиб и беше добиено во време за да се фрлат чекори на терен.

За иднината на Идлиб постојат евентуални алтернативни сценарија. Русија и нејзините сојузници вршат притисок Турција да се повлече од набљудувачките пунктови и да прифати да се реализира воена операција од широк обем во Идлиб. Турција пак се обидува да развие алтернативни сценарија. Едното од нив е Турција и воената опозиција која ја поддржува да го прошират своето влијание и Хејет Тахрир уш-Шам и групите поврзани со неја во најмала рака од север да преминат кон југ. Воедно да бидат елиминирани групите како што се Туркистанската исламска партија и Хураш ед-Ден.

Најповолно сценарио пред човечката криза до која што би можело да дојде би било Турција заедно со опозициските групи кои ги поддржува да влезе на терен и да формира безбедна зона во чии рамки ќе се наоѓа и центарот на Идлиб. Да се спречи опозицијата целосно да биде оставена без територија и да се спречи евентуалната човечка криза ќе претставува значајна придобивка во смисла да се спречи сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ целосно да го искористи овој процес во своја корист и да се стекне со политички придобивки. Во контекст на реализацијата на евентуална операција во Идлиб активна улога одигрува и сирискиот огранок на ПКК. Знаеме дека особено милициските сили и Хезболах лојални на Иран на теренот ги обучуваат милитантите лојални на Сириските демократски сили. Знаеме дека и тие имаат планови во правец на учествување во една таква операција. Доколку и тие станат дел од операцијата планираат да отворат фронт во Африн и повторно да го заземат ова подрачје. Исто така го знаеме и тоа дека собираат свои сили во Тел Рифат за остварување на овие планови. Така додека постојат сиве овие ризици Турција треба да се однесува проактивно и апсолутно да не дозволи да дојде до состојба на свршен чин.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести