Националните проекти за безбедност и одбрана 06-2018

Националните и оригинални беспилотни и вооружени беспилотни летала (ИХА и СИХА)

Националните проекти за безбедност и одбрана 06-2018

Домашното производство на национални и оригинални беспилотни и вооружени летала во одбранбената индустрија придонесе Турција да влезе меѓу респектните земји на тоа поле.

Во врска со денешната тема ви го пренесуваме коментарот на директорот за обука на синдикатот Турк Харб-иш Таркан Зенгин кој вели:

Во период кога Турција од една страна продолжува да произведува стратешки производи во сферата на одбраната, од друга страна пак со домашното производство на истите, сигурно напредува на патот за иднината искачувајќи ја земјата на преден план и од аспект на глобалната конкуренција. Турција благодарение на постигнатите резултати на тоа поле, освен тоа што спроведува независни политики, исто така со продажбата на овие производи обезбедува значајни приходи за економијата. Приказната за производството на беспилотните летала  во некоја смисла истовремено претставува и приказна за ослободување од зависноста и стекнување на економијата со нови придобивки. Првите беспилотни летала кои влегоа во инвентарот на Турција беа моделите Херон од израелско и ГНАТ од американско производство. Американскиот конгрес во 2000-та година за жал не ја одобри продажбата на развиените верзии на ГНАТ како што се вооружените беспилотни летала Предатор и Репаер на Турција. Врз база на тоа, Турција почна со процесот на домашно производство на беспилотните летала. Денес Турција е земја која ги употребува беспилотните летала АНКА и Бајрактар од домашно и национално производство.

Беспилотните и вооружените беспилотни летала (познати под кратенките ИХА и СИХА) кои се произведуваат во рамките на одбранбената индустрија придонесоа Турција да влезе меѓу респектните земји во светот на тоа поле. Денес Турција располага со висококвалификувана и ефективна работна сила во сферата на националната технологија. Сведоци сме на сето она што можат да го направат нашите млади ако им се даде поволна можност. Одбраната е сектор кој поставувајќи долгорочни цели со стрплива работа може да се постигнат значајни резултати. Денес успехот што го постигнавме со производството на домашни беспилотни и вооружени беспилотни летала во последните десет години, претставува резултат на следењето на долгорочните стратешки цели.

Селчук Бајрактар еден од значајните предводници на групата Бајкар која одигра значајна улога во производството на домашните беспилотни и вооружени беспилотни летала вели: Приказната за производството на беспилотните летала на Турција започна со мини беспилотните летала кои се фрлаа од рака. Од производството на мини беспилотните летала, нашата екипата заедно со војниците на терен постојано работевме во базите каде што летаа авионите. Мини беспилотните летала имаа способност да ги снимаат сите места кои што ги надлетуваше и на тој начин да ги спојат снимките и да формираат карта. Оваа карактеристика ја немаше ниту едно беспилотно летало во светот. Нашите вооружени беспилотни летала пак располагаат со карактеристики кои ги нема ниту едно друго беспилотно летало во светот. Дел од способностите на вооруженото беспилотно летало се усовршија како резултат на долгите искуства и повратните информации особено по офанзивата на Африн. Само во последната година, заедно со офанзивата Еуфратски штит, нашите беспилотни летала беа изложени на низа различни услови.

МИНИ БЕСПИЛОТНО ЛЕТАЛО БАЈРАКТАР И ТАКТИЧКО БЕСПИЛОТНО ЛЕТАЛО БАЈРАКТАР

Првото национално беспилотно летало кое на Турските вооружени сили им беше пружено на услуга во 2007 година беше мини беспилотно летало произведено од страна на групата Бајкар. Нешто потоа, групата ги разви тактичките беспилотни летала и во тие рамки со следните зборови ги појаснуваат карактеристиките на производите на групата: системот на мини беспилотно летало Бајрактар е оригинален и од домашно произвоодство. Тоа претставува прв систем на мини робот воздушно летало чии електронски, софтвер и структурни компоненти се од целосно домашно производство. Се до денес ова летало оствари над 100.00 оперативни летови. Системот може да се употребува дури в најтешки географски и метеоролошки услови.

Тактичкото беспилотно летало е развиено согласно концептот на беспилотни летала од категоријата со средна надморска височина и голем домен (МАЛЕ) и располага со следните национални и оригинални карактеристики на автоматска контрола на летање (такси, полетување, летање, слетување и паркирање). Гледано од аспект на дизајнот, специфичната навигација о апликација на сензорска фузија, ова беспилотно летало со три резервни контролни системи претставува едно од најразвиените летала за извидување и набљудување во светската класификација. Првите тест летови успешно беа остварени во септември- октомври 2009 пред официјална делегација.

 

БЕСПИЛОТНИТЕ ЛЕТАЛА МНОГУ УСПЕШНО БЕА ПРИМЕНЕТИ ВО ВОЕНИТЕ ОПЕРАЦИИ

Беспилотните и вооружените беспилотни летала имаат многу голема улога и значење во успешната борба против тероризмот и операциите што ги води Турција како во земјава така и надвор. Беспилотните летала Бајрактар ТБ2, почнувајќи од 2015 година се употребуваат во борбата против тероризмот. Беспилотните летала Бајрактар ТБ2 се бесшумни, без да се покажат, од многу големи височини можат да снимаат многу чувствителни позиции со голема резолуција. Особено во рамките на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче обезбеди ефективно набљудување, извидување и огнена поддршка. Беспилотните летала Бајрактар ТБ2 до денес успешно беа употребени во утврдувањето и уништувањето на терористите. Заканите, како и пештерите и тунелите кои се користеа од страна на терористите како засолништа во рамките на операцијата Маслиново гранче беа утврдени од страна на беспилотните летала. Додека голем број закани и терористи беа отстранети и уништени со помош на вооружените беспилотни летала.



Слични вести