Борбата за сила во Ирак

Актуелно 37/2018

Борбата за сила во Ирак

И покрај тоа што изминаа четири години од одржаните избори во Ирак сеуште не може да се формира влада во оваа земја. Политичките партии ги продолжуваат напорите за формирање коалиција и составување на нова влада. Движењето Саирун под водство на шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр кое освои најголем број гласови на изборите фрли значајни чекори за составување на нова влада. Саирун под водство на лидерот на Движењето Садр Муктеда ес-Садр, Наср под водство на актелниот ирачки премиер Хајдар ел-Ибади, Хикмет под водство на Амар Хеким и коалицијата Ватаније под водство на Ијад Алави прогласија дека формираа четворен сојуз за составување нова влада. Освен тоа кон коалицијата се приклучија и некои сунитски партии и Движењето нова курдска генерација. Меѓутоа парламентот кој ја одржа својата втора седница за формирање на кабинетот на новата влада во Ирак поради тоа што не беше обезбеден доволен број пратеници својата седница ја одложи за 15 септември. Поранешниот ирачки премиер и лидер на Коалицијата законска држава Нури ел-Малики и лидерот на Коалицијата Фетих Хад Амири исто така соопштија дека формираа коалиција. Според ирачкиот устав мандатот за составување на новата влада го добива најголемата коалиција и голема е веројатноста мандатот да го добие коалицијата на чело со шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр.     

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Според ирачкиот устав на првата седница што ќе се одржи во парламентот за составување на новата влада треба да се избере претседателот на парламентт од редот на сунитите. За оваа должност на преден план се појавуваат имињата на гувернерот на Анбар Мухамед ел-Халбси, потпретседаелот Усаме ен-Нуџејфи, Мухамед Тамим, Решид ел-Азави, Ахмед Џубури и Талал е-Зубаји. Двете наголеми курдски партии Демократската партија на Курдите и Патриотската унија на Курдите претпочитаа да останат независни во целиот овој процес и бојкотирајќи ја седницата го напуштија парламентот.

Процесот за формирање на новата влада во Ирак е подложен на влијанието на голем број внатрешни и надворешни равенки. Се гледа дека голем број различни средини во Ирак се во политички, секташки и етнички разлики. Освен тоа конкуренцијата помеѓу САД и Иран станува доста влијателна над политиката во Ирак. Коалицијата Фетих формирана од страна на поранешниот ирачки премиер Нури ел-Малики кој е поддржан од Иран и групата Хашди Шаби поддржана исто така од Иран, одигрува значајна улога во ирачката политика. Освен тоа, тоа што Хашди Шаби воедно е воена група, на коалицијата поддржана од Иран како надополнување на политичката сила и придава и воена сила. Иран со слична структура како онаа на Хезболах во Либан, се обидува да го земе под гаранција својот простор на влијание и во Ирак.

Од друга страна и САД се обидуваат да го ограничат Иран во Ирак. Шател дипломатијата што ја води специјалниот претставник на САД за борба против ДЕАШ Брет МакГурк меѓу ирачките политичари, е влијателна во напорите за формирање на новата ирачка влада. Во правец на разговорите кои што МакГурк ги оствари со курдските партии Демократската партија на Курдите и Патриотската унија на Курдите се тврди дека е спречено овие две курдски партии да делуваат заедно со коалицијата поддржана од Иран. САД во Ирак го поддржуваат четворниот сојуз составен од Саирун под водство на шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр, Наср под водство на ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади, Хикмет под водство на Амар Хеким и коалицијата Ватаније под водство на Ијад Алави. Меѓутоа особено негативните изјави кои што се изнесуваат од страна на шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр против САД покажуваат дека ваквиот однос не е без проблеми.

Еден друг фактор кој што ги прави значајни напорите за формирање влада во Ирак е и борбата на Турција против тероризмот. Турските вооружени сили (ТВС) кои против присуството на терористичката организација ПКК во Ирак продолжуваат со реализација на операцијата за одлучност во северниот дел на Ирак, ги држат под контрола штабовите и маршрутите на оваа терористичка организација во подрачјето. Освен тоа реализираат специјални операции на претходно утврдени цели против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето на Синџар на северот на Ирак. Така неодамна со заедничка реализирана операција на Националната разузнавачка служба МИТ и Турските вооружени сили (ТВС) со помош на национално вооружено беспилотно летало СИХА беше неутрализиран еден од таканаречените регионални команданти на оваа терористичка организација.

Напорите за формирање на нова влада во Ирак располагаат со потенцијал да влијаат и на борбата на Турција против тероризмот. Доколку се формира ирачката влада во правец на дипломатските разговори на Турција со Ирак би можел да се прошири и обемот на операциите против ПКК. Се предвидува дека Турција особено ќе врши притисок централната ирачка влада да премине во акција против финансиските извори и присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето на Синџар.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести