Нов период во односите помеѓу Турција и Русија

Актуелно 36/2018

Нов период во односите помеѓу Турција и Русија

По кризата во врска со соборениот руски воен авион во 2015 година билатералните односи помеѓу Турција и Русија беа повторно подобрени. Повторно поправените односи на брз начин забележаа значаен развој во сферите на политиката, дипломатијата, војската и економијата. Значајни фактори во овој брз развој на односите помеѓу Турција и Русија беа индивидуалната врска помеѓу лидерите на двете земји, соработките индексирани на заеднички интерес и вознемиреноста што се чувствува поради приодот што го презентираат САД во последно време. Сепак и покрај тоа што соработката помеѓу двете земји се развива во голем број сфери, продолжуваат да постојат разидувања во ставовите и во однос на голем број други сфери.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Тоа што рускиот претседател Владимир Путин велејќи дека односите помеѓу Турција и Русија се развиваат постепено рече „нашите односи со Турција и се продлабочуваат и се збогатуваат со нови содржини“, всушност го разимира развојот на односите помеѓу Турција и Русија. Од големо значење е развојот на односите помеѓу двете земји особено на полето на енергијата и економијата. Во овој контекст е значајна изјавата на поранешниот руски министер за финансии Задорнов кој вели: „Со Турција имаме значајни економски врски. Турција се наоѓа меѓу 10-те најголеми трговски партнери на Русија.“ Впрочем, според податоците на Федералната царинска служба на Русија (ФТС), во првите 6 месеци од годинава трговскиот обем на Турција со раст од 37 насто се зголеми на 13,3 милијарди долари и Таа стана четврти најголем трговски партнер на Русија. Тоа што истовремено голем број руски туристи доаѓаат во Турција е од големо значење од аспект на билатераните односи помеѓу двете земји. Впрочем и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека задоволува и постојаниот раст на бројот на туристите кои доаѓаат од Русија и истакна дека оваа година ќе се чувствува задоволство од пречекување на 6 милиони руски туристи во Турција.

Во сферата на енергијата постојат значајни проекти како што се нуклеарната централа Аккују и гасоводниот проект Турски тек кои двете земји ги водат заедно. Нуклеарната централа Аккују ќе обезбедува 10 насто од потребите од енергија на Турција и располага со стратешко значење во точката на ставање под гаранција на потребите од енергија на растечката турска економија. На ист начин и гасоводниот проект Турски тек овозможува да се обезбеди значаен дел од потребата од енергија на Турција и да се стави под гаранција оваа потреба. Проектот Турски тек во втора етапа се планира да се протега кон Балканските земји. На тој начин ќе биде фрлен значаен чекор во правец на стратешкото планирање Турција да стане енергетска маршрута, или поинаку кажано енергетски транзициски пат.

Освен енергетската и економската соработка расте и воената соработка помеѓу Русија и Турција. Тоа што Турција особено ги купува од Русија ракетните системи за противвоздушна одбрана С-400 и тоа што испораката на овие системи ќе се реализира во блиско време, односно во 2019 година, ги продлабочува и билатералните односи помеѓу двете земји. Во тој контекст Виктор Кладов, директорот за меѓународна соработка и регионални политики на руската државна корпорација за одбранбена индустрија „Ростех“ по ова прашање го истакна следното: „Јасно би можел да кажам дека договорот за С-400 претставува значаен чекор за зајакнување и развивање на воено-техничката соработка помеѓу нашите земји. Не гледам одредена препрека пред развојот на нашата соработка и во различните нови индустрии.“

Најголема вознемиреност од развојот на односите помеѓу Русија и Турција чувствуваат САД. Поради купувањето на ракетните системи за противвоздушна одбрана С-400 американските функционери им се закануваат на турските функционери со стопирање на испораката во Турција на борбените авиони Ф-35 во чиј проект е партнер и Турција. Значајна е изјавата на министерот за надворешни работи Мевлту Чавушоглу кој истакна дека С-400 не претставуваат избор, туку принудност за Турција. Земјите на НАТО и покрај барањата на Турција одбиваат да и продадат системи за противвоздушна одбрана. На ист начин и тоа што помеѓу Турција и САД се доживуваат кризи во врска со ФЕТО, ПКК/ЈПГ и Брансон доведе до затегнатост помеѓу двете земји сојузници во НАТО. Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за спроведување санкции против Турција исто така влијаеше негативно на односите. Во тој контекст треба да се прочита и изјавата на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Москва каде што рече дека односите помеѓу Русија и Турција продолжуваат да доведуваат до завист и љубомора кај некои.

Меѓутоа и покрај тоа што односите помеѓу Турција и Русија се развиваат во позитивна насока, продолжуваат да постојат и значајни разидувања во ставовите помеѓу двете земји. И покрај тоа што особено во контекст на сириското прашање Турција и Русија делуваат заедно во процесот од Астана, во однос на нивниот основен приод тие се во спротивставени позиции една со друга. Доколку Русија го дозволи и поддржи нападот на режимот врз Идлиб, Турција ќе доживее сериозна мигрантска криза и со тоа ќе бидат оштетени билатералните односи. На сличен начин Турција се противи и на анектирањето на Крим од страна на Русија и политиките кои што ги спроведува оваа земја против кримските Турци Татари. Освен тоа помеѓу Турција и Украина се развива соработка во голем број сфери, како што е на пример одбранбената индустрија. Турција не ги поддржува политиките на Русија по прашањето на Украина. Како последно пак, колку и да се развиваат односите помеѓу Турција и Русија, не треба да се изостави од вид и фактот што Турција е членка на НАТО.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести