Балканска агенда 36-2018

Порака од Босна и Херцеговина до Сирија: Меѓународната заедница падна на испитот

Балканска агенда 36-2018

Војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година и војнатаСирија која влегува во осмата година ни пружаат значајни податоци за однесувањето на меѓународната заедница. Во двата примери, покрај тоа што навидум изгледа дека меѓународната заедница се обидува да направи нешто, во суштина и Босна и Херцеговина и Сирија беа препуштени на смрт. Примерот на Босна и Херцеговина покажува дека меѓународната заедница има голема улога во лекувањето на раните на војната и повторното структуирање на земјата. Сараево покрај тоа што за само неколку години успеа да се стекне со модерниот изглед, гледано од аспект на уривањата во Сирија, нема да биде лесна повторното реструктуирање на оваа земја.

Војната во Босна беше една од првите војни кои беа доживеани за време на распаѓањето на Југославија и првата половина на 1990-те години. Во Словенија беа доживеани вооружени судири од помал обем, додека во Хрватска поголеми воени акции и офнзиви. Најтешкиот дел на војната и најкравите борби на териториите на поранешна Југославија беа доживеани на териториите на Босна и Херцеговина и тоа цели 3.5 години.

Бошњаците сеуште се прашуваат зошто ги снајде ова зло. Тие на ниеден начин не го поттикна распаѓањето на Југославија. Бошњаците не започнаа никакви национални движења против Србите, Хрватите или другите. Тие беа невини. Единствено што бара беа слобода, демократија и политички плурализам. Затоа немаа дури ни некоја сеопфатна воена стратегија. На крајот, Бошњаците беа најголемите жртви на војната во Босна и Херцеговина.

Што правеше светот во период кога во Босна се доживуваше човечка трагедија? Интервенцијата најпрвин на Европејците а потоа и на ОН не беа доволни за спречување на војната. Единствено што направија беше локализирање на војната и спречување на евентуално ширење во другите подрачја. Ставовите на Германија, Франција, Британија и Русија беа многу значајни. Наместо меѓусебно да соработуваат, тие се натпреваруваа за постигнување на личните интереси на Балканот.

Меѓународната заедница наместо да ја спречи војната, на случувањата во Босна гледаа само како на „хуманитарна криза“. Со други зборови, Западњаците наместо да се справат со причините за војната, постојано се интересираа само за исходот на војната. Од друга страна пак, ОН освен тоа што не можеа да ја заштита Босна, како последица на ембаргото на оружје, земјата ја оставија без одбрана и на тој начин и беше одземено дури правото на одбрана. Војната во Босна заврши со концизниот став на САД и потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор.

Ако погледнеме на состојба во Сирија можеме да кажеме дека војната во оваа земја трае двапати повеќе од онаа во Босна. Слично на барањата на Бошњаците на почетокот на 1990-те години и сирискиот народ на почетокот на улиците излезе со барања за поголеми слободи, демократија и политички плурализам. Управата на Бешар Асад наместо да ги оствари потребните реформи во земјата, тој преферираше да направи се што е во можност за да го задржи авторитарното владеење.

Спречувањето на судирите во Сирија, слично на примерот на војната во Босна потекнува од несакањето, а не немоќта и неможноста. Русија со цел да ги сочува и заштити своите интереси во регионот, случувањата ги користи за предизвик на Запад. ЕУ како и во низа други прашања, така и во однос на Сирија се соочува со тешкотии во изнесување заеднички и концозен став. Што се однесува до САД, сеуште не се сигурни дали со соборувањето од власт на Асад, ќе може да се воспостави стабилност во Сирија. Запад се уплаши дури од муслиманите во Босна и Херцеговина. Постоеше загриженост дека војната во Босна може да предизвик евентуално формирање исламска држава во средишниот дел на Европа. Од аспект на САД, во примерот со Сирија владее прашањето за тероризмот што се врши во името на исламот како и безбедноста на Израел. Ако на сето тоа ги додадеме и интересите на регионалните актери, тогаш состојбата во Сирија станува уште посложена.

Во една ваква ситуација, меѓународната заедница за жал единствено го осудува насилството врз сирискиот народ, а не може да направи ништо за негово спречување. Од друга страна пак, судирите во Сирија не се фер во Сирија, исто како и во Босна и Херцеговина, бидејќи оружјето на опозиција не е доволно наспроти сиата на режимот на Асад.

Суштинското прашање кое треба да се постави гласи: Дали може да се развие проект за восоставување мир меѓу управата на Асад и опозицијата. Еден од предусловите за постигнување политичко решение во Сирија е постигнување прекин на огнот во целата земја.

Во случај да се постигне мировен договор, пред се општеството во Сирија ќе треба да се исчисти од злосторствата, а воените злосторници ќе треба да бидат изнесени пред суд. Тоа ќе биде мошне тежок процес. Што е позначајно, помирувањето на општествтото во Сирија може да потрае десетици години. Причината за тоа е фактот дека сирискиот народ со векови живееше во исто маало, исто село, ист град. Градинките, училиштата, сите општествени установи беа заеднички. Војната насади семе на злото. Исчезнаа и се претворија во пепел сите добри заеднички карактеристики меѓу различните етнички и верски заедници. Влеѕе омраѕа меѓу соседите, пријателите па дури и роднините. Сирија се подели на хомогени региони од етнички аспект. Затоа трагите кои што ги остави војната нема лесно да се избришат. На сите места,а на зградите, лицата луѓето, ќе можат да се видат трагите на војната. Истите датуми на смртта на гробните камења ќе останат како неизбришливи траги на војната.



Слични вести